Буџет 2013: Колку чини скршен нокт?
Објавено во: Економија 17 Декември, 2012
Во тензична и напната атмсфера, пратениците од власта и опозицијата, Собранието, уште од рано утрото си упатија серија обвинувања и контраобвинувања за блокадата на Буџетот за 2013 година. Откако вчера проблемот излезе од контрола, Претеседателот на Собранието Трајко Вењаниовски рано утрово ги повика на координација пратеничките групи.
Наташа Стојановска Координацијата неуспешна -закажана нова Координацијата на пратеничките групи, кај спикерот Трајко Вељановски на која присуствуваа и министерот за финансии и министерот за администрација Иво Ивановски, заврши без договор. Иако во два наврати Вељановски се обиде, сепак не успеа да го реши проблемот.Вељановски прво и предложил на опозицијата, во следните два дена, на двете комисии да се разгледаат сите амандмани за Буџетот за следната година, а дури потоа власта да одлучува за предлогот на опозицијата со кој се бара кратење на 204 милиони евра. Ваквиот предлог, опозицијата го одби како непринципиелен и манипулаторски.
Откако не успеа првиот предлог, Вељановски понуди нов, односно законодавно-правната комисија да ги разгледува само амандманите што се разгледани на матичната комисија односно на Комисијата за финансирање и буџет, на што пратениците од опозицијата не се согласија со аргумент дека не веруваат повеќе во зборовите на пратениците од владејачкото мнозинство кое од минута во минута ги менува одлуките. Поради тоа не дозволија да работи законодавно-правната комисија, ги спуштија микрофоните и ја блокираа салата.
По двата неупешни обиди на Вељановски, закажана е нова коорднинација со пратеничките групи во среда. Инаку проблемот настана вчера кога претседателката на законодавно правната комисја – Благородна Дулиќ закажа комисија на која сакаше да ги разгледува сите амандмани за Буџетот за 2013 година иако тие се уште не поминале во матичната Комисја за финансирање и буџет. Што доколку не се донесе Буџетот ? Доколку Буџетот за 2013 не биде изгласан до крајот на годината, тогаш во првите три месеци од следната година ќе следува времено финансирање. За власта тоа значи дека ќе запре целосното функционирање на државата и институциите, додека пак за опозицијата нема ништо спектакуларно и се ќе функционира нормално, односно дури и со времено финансирање, ќе има пари за плати, пензии, социјални трансфери. „Бараме кратење за 204 милиони евра. Тоа е конструктивен предлог, а во нашиот предлог има пари и за пензии, за плати , за субвенции и за социјални трансфери. Но, Владата ќе мора да престане да троши и да се луксузира, ќе нема пари за споменици, нема да дозволиме Владата да ги краде парите на граѓаните“, изјави Игор Ивановски од СДСМ. Ивановски посочи и дека тие разговарале со пензионерите и им објасниле дека за нив ќе има пензии како и за сите други ама ќе нема пари за блиндирани мерцедеси и споменици. За пратениците од владејачката ВМРО ДПМНЕ пак , ваквото однесување на СДСМ е политичко насилство и политички ултиматум а целата држава е во заложништво. „СДСМ се заканува на цела држава, и на социјалците и на пензионерите и на градежниците. Ја извртуваат вистината, дополнително доколку се блокира буџетот ќе се блокира и повратот на ДДВ. Тоа е неприфатливо и не сакаме да бидеме сојузници на безидејноста на СДСМ и желбата на Бранко Црвенковски да се врати на власт. Апелираме да се вразумат и да го деблокираат носењето на Буџетот, изјави Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ. Реагираше и министерот за финансии Зоран Ставрески кој побара СДСМ да го деблокира носењето на Буџетот. - Не е добро да се предлага кратење на капитални проекти, како што сака СДСМ. Токму тие проекти се оние кои ја спасија државата за време на кризата. Апелирам до опозицијата да го сопре носењето на Буџетот со што ќе ја втурне земјата во криза. Мора да се надминат тесно партиските интереси. Жалам што конструктивниот предлог на Вељановски е отфрлен и не можам да разберам како може да бараат да престанеме да градиме спортски објекти и игралишта, посочи Ставрески. Времено финансирање имало и во 2003 година по вина на Никола ГруевскиОд НСДП пак објаснија дека времено финансирање имало и во 2003 година и тогаш се функционирало нормално, се исплаќале плати, пензии и социјални трансфери. Порачаа, власта да престане да ја замајува јавноста и да ги лаже земјоделците, како и сите останати дека ќе останат без пари. Од НСДП посочија и дека временото финансирање во 2003 година било по вина на сегашниот премиер Никола Груевски, кој тогаш бил министер за финансии.
„Со таква ситуација Македонија беше соочена во 2002 година кога се носеше буџетот за 2003 година. По изгубените избори во септември 2002 година, тогашниот министер за финансии, сегашен премиер Никола Груевски, кршејќи го законот за буџети, што е потврдено од страна на Државниот завод за ревизија, го опструирал носењто на Буџетот за 2013 година, рече Тито Петковски од НСДП.
Од власта пак возвратија дека тоа што во 2003 та имало времено финансирање е од сосема други причини и е различно од сега бидејќи сега буџетот не може да се донесе од политички причини.Реагираа и опозициските партии од албанскиот блок
Пратеникот Изет Зеќири, пак изјави дека попусто се кршат копјата во Собранието и попусто сите го разубедуваат и обвинуваат СДСМ, кога НДП нема да повлече ниту еден амандман.