Буџет 2013: за ВМРО е развоен, за СДСМ е предизборен, за НДП е етнички!
Објавено во: Анализа 19 Ноември, 2012 21:34
„Ако е криза зотшо се зголемени договорните услуги, вработувањата, купувањето мебел, коли, зошто 11 милиони евра за реклами и промоција“, ијзави Николов.
Задолжувањата на државата повторно ги раскараа пратениците
„Ќе побарам на расправата да присуствува и гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, ќе му испратам и официјално барање, за да видиме која е таа неоопходна потреба што прв пат во овие 20 години официјално сте напишале дека ќе земете од државните депозити 200 милиони евра за да вратите долгови. Само за 4 години од 2008 до 2012 сте не задолжиле за една миијарда евра. За што ги потрошивте парите“, праша Марјанчо Николов од СДСМ.
Според министерот за финасии, Зоран Ставрески земјата се задолжува разумно, без да го загрози државниот долг.
„Од таа сума 1 милијарда на отплати за периодот заклучно со 2017 година, 490 милиони евра се отплата на заеми кои што се земени во времето на СДСМ. Еве конкретно во 2015 година ќе се отплати еврообврзницата од 150 милиони, таа е земена оправдано, не велам неоправдано во 2005 година“, возврати Ставрески.
Капиталните инвестиции зголемени за 10,4%
Развојната компонента на буџетот и поддршката на економијата, според министерот за финасии Ставрески е пред се изразена во високото ниво на капитални инвестиции, кои се проектирани на ниво кое за 10,4 проценти повисоко од овогодинашното. Министерот посочи дека со почнување на неколку крупни инфраструктурни проекти, пред се, во делот на транспортната мрежа, железничката инфраструктура ќе се придонесе за реализација на економскиот раст кој е предвиден на два проценти.
Албанските опозиционери сметаат дека буџетот е правен по етнички модел
Албанските опозициони парламентарци сметаат дека и овој буџет е скроен по етнички модел. Тоа можело да се констатира доколку се погледнат средствата одвоени за министерствата и општините водени од партијата ДУИ.
Изет Зекири, од партијата на Руфи Османи, НДП, кои за предлог буџетот имаат поднесено повеќе од 400 амандмани смета дека малку пари се издвоени за децентрализација. „Неприфатливо е голем дел од парите да се двојат за Скопје 2014 и за долговите од овој проект, а да се намалуваат средствата за проекти на општините“, изјави Зекири.
Предлог буџет за 2013 година
2,7 милијарди евра изнесува буџетот за 2013 година идентично како и овогодинешниот. Вкупните приходи во предлог буџетот за 2013 година изнесуваат 2,4 милијарди евра. Буџетскиот минус е продлабочен на 3,5% и ќе се покрива со задолжувањата дома и надвор кај странските деловни банки. Инфлацијата е проектирана на 3,5%. Порастот на економијата ќе изнесува 2%. Речиси половина од државната каса и годинава ќе се троши за плати на администрацијата и за исплата на пензии и социјална помош. Предвидени се и 135 милиони ерва субвенции за земјоделците.
И.М
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





