Добивај вести на Viber
Собранискиот спикер, Трајко Вељановски закажа пленарна седница на 24 овој месец, на која треба да се расправа за буџетот за 2013 година. Претседателот според деловникот мора да обезбеди пет работни дена распарава за буџетот. Гласањето за државната каса за догодина е петиот ден до полноќ. Не се исклучува множноста буџетот да се изгласа и на 31 декември, до полноќ, во очи на Новата 2013 година.