Добивај вести на Viber
Дали буџетот за 2013 та година ќе биде одраз на реално предвидени трендови или бројки со вграден оптимизам што потоа ќе се ревидира? Финалните контури на Буџетот се поставени. Министерот за финасии
Зоран Ставрески не ги обелоденува во целост новите буџетски проекции и позиции , но една бројка е јасна. До година буџетскиот дефицит ќе изнесува 3,5 отсто. Проектираниот економски раст, според министерот нема да отстапува од предвидените стапки што ни ги испорачаа меѓународните финансиски институции, што значи дека економскиот раст би се движел од 2 % до 3 % .
- Буџет 2013 та година
- Економски раст 2 % до 3%
- Буџетски дефицит 3,5%
Доколку се проектира оваа стапка на раст, според економистите се отвораат две дилеми. Прво, дека владата не би требало да планира и значајно поголемо буџетско трошење од годинашното, позиционирано на 2,5 милијарди евра. И втората дилема се однесува на тоа дали за буџетот за 2013 та основа ќе биде годинашниот буџет со стапка на раст од 2,5 отсто или пак основа ќе биде буџет без стапка на раст, каква што реално се очекува до крајот на годината.
Додека се пеглаат финалните буџетски позиции, министерот за финасии вели дека пари за плати, пензии и субвенции ќе има. “Како и секогаш, можностите и потребите не се секогаш идентични, но во целина усогласени сме со министрите дека 2013 година, буџетите ќе треба да бидат оптимални согласно условите во европската економија и европската криза. Очекувам дека ќе се движиме во рамки на буџетот што беше за оваа година. За некој ден буџетот ќе биде доставен до Владата и верувам дека ќе биде поддржан од Владата“ – изјави Ставревски.
Но, она што ќе биде значајно при проекцијата на Буџетот за 2013 та, ќе бидат капиталните инвестиции. Тие годинава, прекроени и ребалансирани изнесуваат 348 милиони евра. Прашањето “ колку од нив се реализирани “ допрва чека одговор. Токму капиталните инвестиции се клучен владин адут во одбрана на развојната компонента на буџетот.
Буџет, дефицит , раст: како се “лизгаа“ прогнозите?
Анализата на “Фактор“ покажува дека во последните неколку години тешко се остваруваат планираните буџети и буџетски прокеции. Владата овие “потфрлувања“ ги правдаше со неможноста да се предвидат економските движења поради должничката и финансиската глобална и европска криза. Но, и покрај оваа реалност, дел од експертската јавност и стопанстениците укажуваа дека во состојба кога приватниот сектор се соочува со дневни ликвидносни проблеми, а статистика секој месец бележи незапирлив пад на индустриското производство, не може да се очекува дека ќе испорача раст, а со тоа и дека навреме ќе се полни буџетот преку даноците. Еве што покажуваат бројкте за буџетските проекции во последните неколку години.
Буџет 2012
Оваа година се случи само еден ребаланс, и тоа само по три месеци од почетокот на годината. Сепак, во октомври, Владата притисната од реалноста за ново прекројување на буџетската каса, реши тоа да го направи не преку “ребалансирање“ туку со зголемување на буџетскиот дефицит од 2,5 % на 3,5%
- првична буџетска проекција 2,5 милијарди евра
- ребаланс на буџет 2,4 милијарди евра
- буџетски дефицит 197 милиони евра ( 2,5% од БДП )
- нова прокеција за буџетски дефицит 270 милиони евра ( 3,5% од БДП)
Според досегашните мерења , не само што не се оствари првично проектираниот економски раст, туку економијата во првите два квартали влезе во негатива, во првиот квартал беше оставрен раст од – 1,3 % а во вториот -0,9 % по што и официјално беше прогласена рецесија.
- прва проекција за економски раст 4,5 %
- втора проекција за економски раст 2,5%
- економски раст 2012 ?
Буџет 2011
Лани Буџетот преживеа без ребаланс.Владата испланира да потроши 2,6 милијарди евра. Но, на крајот останаа несобрани и непотрошени околу 180 милиони евра. Токму овој буџет се смета за еден од потешките во однос на парите што се собрани и што се потрошени преку државната каса .
- буџет ( расходи ) 2,6 милијарди евра
- буџетски дефицит 188 милиони евра ( 2,5 % од БДП )
- проектирана стапка на економски раст 3,5%
- остварена стапка на еконосмки раст 2,9%
Буџет 2010
И во 2010 та владините проекции се покажаа како неточни. Во јули се случи прекројување на касата , но буџетскиот дефицит остана на иста позиција од 2,5% .
- буџет ( расходи ) 2,4 милијарди евра
- буџетски дефицит 17 1 милион евра (2,5% од БДП )
- проекција за економски реаст 2%
- оставрен економски раст 2,9%
Во кризната
2009 та буџетот преживеа дури два рабаланси. Токму во оваа година владата планираше раст од 5 отсто. Годината заврши со -0,9 % , односно тоа беше една од најтешките и најкризните години поминати во знакот на рецесија.
По сиве овие пресметки, како ќе изгледа 2013 тешко е со сигурност да се тврди, но за почеток, добро е што барем во проекциите се влегува со пореалистичен пристап отколку лани, кога беше прилично јасно дека бројките се високо поставени.
Редакција Фактор
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.