05 Декември, 2025
0.0363

Буџетот се кроеше до доцна во ноќта!

Објавено во: Економија 03 Ноември, 2012 09:33

Добивај вести на Viber

Синоќа до доцна во ноќта се кроеше Буџетот за 2013 та година. Кое министерство колку да земе, каде да се крати, каде да се додаде, беа клучните позициии околу кои се судрија министрите. Поголеми отстапки од ланските во однос на подлебата нема да има дознава ФАКТОР. Била тешка задачата на премиерот и на министерот Ставрески да балансираат меѓу желбите на  шефовите на министерствата и реалноста која покажа дека е нереално за Македонија да има гломазен буџет како што првично беше проектиран овогодинешниот. Алсат -М јави дека расходната страна на буџетот е 2 милијарди 682 милиони евра. Од претходно, пак е познато, дека в година повеќе пари треба да се одвојат за пензиите со оглед на најавеното зголемување од 5 проценти во март. Пред да почне пеглањето на финалните буџетски позиции, министерот за финасии вели дека пари за плати, пензии и субвенции ќе има. “Како и секогаш, можностите и потребите не се секогаш идентични, но во целина усогласени сме со министрите дека 2013 година, буџетите ќе треба да бидат оптимални согласно условите во европската економија и европската криза. Очекувам дека ќе се движиме во рамки на буџетот што беше за оваа година. За некој ден буџетот ќе биде доставен до Владата и верувам дека ќе биде поддржан од Владата“ – изјави Ставревски. Но, она  што ќе биде значајно при проекцијата на Буџетот за 2013 та, ќе бидат капиталните инвестиции. Тие годинава, прекроени и ребалансирани изнесуваат 348 милиони евра, а степенот на реалиозација до август е нешто под 50 проценти.И годинава се очекува проекцијата да биде слична, можеби малку намалена, бидејќи капиталните инвестиции  се клучен владин адут во одбрана на развојната компонента на буџетот. Проектираниот економски раст, според министерот нема да отстапува од предвидените стапки што ни ги испорачаа меѓународните финансиски институции, што значи дека  економскиот раст би се движел околу 2% .

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември