05 Декември, 2025
0.1296

Буџетските амандмани за источна Македонија не минаа, на ред доаѓа западна

Објавено во: Економија 11 Декември, 2012 20:43

Добивај вести на Viber

Што ќе преземе собранскиот спикер Трајко Вељановски за како што вели “да обезбеди деблокада“ на амандманската расправа за Буџетот? Какви мерки планира Вељановски за пратениците? Овие прашања отвораат сериозна дебата откако денеска од кабинетот на собранискиот спикер осамна соопштение по средбата со претседателот на Комисијата за финасирање и Буџет, Марјан Николов. “Доколку во наредните денови динамиката на работење на Комисијата за финансирање и буџет не се забрза и со тоа не се покаже извесност за нејзино навремено завршување, тогаш претседателот на Собранието Вељаноски непосредно ќе преземе мерки за нејзино деблокирање.“ – напишаа од кабинетот на спикерот Вељаноски. Смена на Николов Кои се инструментите за интервенција? Во отсуство на официјално образлжение за тоа какви мерки ќе преземе Трајко Вељановски, пратениците велат дека единствено што може да се направи е да се издејствуваат временски  ограничувања на амандманските предлози, реплики и контрареплики. Со оглед на тоа што актуелниот претседател на Комисијата за финансирање нема да  го дозволи тоа, пратеници велат дека “краен“ потег што го дозволува деловникот е барање за смена на Николов. Но, во тој случај ќе мора да заседава Комисијата за избори и именување, што пак значи вовед во нов судир на релација власт – опозиција. Додека претседателот на Собранието најавува деблокада на расправата, а министерот за финансии Зоран Ставревски повторно обвини дека опозицијата со стотиците амандмани сака да предизвика хаос и да го закочи донесувањето на новиот Буџет, пратениците од опозицијата не отстапуваат од тоа дека амандамните се нивно единствено  легитимно право со кое можат да влијаат на буџетот. Доцна попладнево, за време на амандманската дебата,  пратеници од власта повторно обвинија дека опозицијата спроведува сценарио за блокада на Буџетот за 2013 та. Од собраниската говорница, пратеникот Марјанчо Николов возврати дека тоа ќе го ценат граѓаните. “Апелирам до колегите пратеници да се држиме до дневниот ред и по амандманската расправа за буџетот за 2013 та година. Граѓаните се доволно свесни и сами ќе ценат кој, како и на кој начин ги брани нивните интереси од говорница. Секој пратеник си носи одговорност за својот настап. Апелирам, барам, укажувам да се зборува за амандамните, а вие колега Ромео Тренов бидете убедени дека нема сценарио за било што “ – изјави Николов. Не е усвоен ниту еден амандман за источна Македонија Пратеникот од НСДП, Горан Мисовски смета дека правото да се дебатира е загарантирано со устав. “Ако нешто не можете да го одземете со декрет тоа е да се бориме за правата на граѓаните. Тоа ни е загарантирано со Устав. Мене не ме интерсира ни за реплики ниту за контралепики, туку како да ги бранам и штитам интересите на граѓаните“ – изјави Мисовски. Амандманската расправа за Буџетот продолжи и вечерва. Владата не прифати ниту еден од амандманите што се однесуваа на општините од Источна Македонија. Пратеничката Билјана Казанџиска обвини дека фунционерите од власта немаат слика за тоа како живеат луѓето во овој дел од Македонија, дека пијат радиоактивна вода и дека немаат елементарни услови за живот. “Додека вие овде дури и на собраниска дебата јадете, граѓаните гладуваат“ – му рече Казанџиска на министерот за финасии Ставревски. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата