Добивај вести на Viber
Институции на ниво на Босна и Херцеговина лани, буџетот, поголем од 900 милиони конвертибилни марки (околу 450 милиони евра), во најголем дел го потрошиле за купување скапа и „квалитетна“ опрема, возила од повисока класа, најнови мобилни и тоа заради имиџ и престиж, а не за вистински потреби. Ова е наведено во ревизорски извештај за буџетски институции во БиХ за минатата година.
„Употребата на возила вклучително и тешки транспортни средства од МО на БиХ чинела 17,37 милиони марки и тоа без јасни правила за употреба на возила“, се вели во извештајот на ревизорите.
Ревизорите пронашле т.н. домино ефект и наведуваат дека „тој проблем е предизвикан од недостиг од единствени правила за однесување, и шефовите се раководеле од логиката – однесувај се како сите останати, со оглед дека за такво однесување нема санкции“.
Тие институции повеќе од половината сума потрошиле за бруто плати и надомест за вработените. За патни трошоци се издвоени 11,87 милиони конвертибилни марки, за ПТТ услуги 9,18 милиони.
Ревизорите нагласуваат дека се уште не е воведен подзаконски акт кој на единствен начин би уредил користење на мобилни и фиксни телефони.