Буџетските приходи би се оствариле само ако порастот на цените не стивне

Објавено во: Финансии 29 Ноември, 2022 12:48
Проектираната стапка на раст на БДП е оптимистичка и со значајни изгледи да биде пониска, а стапка на инфлацијата е под голема неизвесност и може да забалежи значајни отстапувања во двете насоки (пониска или повисока). Буџетските приходи, и особено даночните приходи, се проектирани на високо ниво, и тие би се оствариле само доколку порастот на цените не стивне, што би било неповолен исход за животниот стандард на граѓаните. Ова го истакнуваат аналитичарите на „Фајнанс тинк“ во нивниот коментар за Предлог Буџетот за 2023 година.
-Предлог Буџетот не дава јасна слика за финалните контури на предложената даночна реформа, и претставува сериозно потфрлање во делот на фискалната транспарентност. Предвидува пораст на буџетските расходи за 12,6 отсто, што е неразумно високо, ако се има предвид ризикот од остварување на приходите и намерата за фискална консолидација. Сепак, намерата за фискална консолидација е појасно видлива во сегментите на плати за јавната администрација и расходите за стоки и услуги, кои се проектирани со раст од 7,9 отсто и 5 проценти, соодветно, понизок од растот на вкупните расходи, но сепак се` уште значајно висок. Последново е особено важно поради нагласениот ризик буџетските трошења да влијаат проинфлаторно во услови на се` уште висок раст на цените генериран од надворешни фактори – се истакнува во нивниот коментар.
Според аналитичарите на Институот за економски истражувања и политики загрижува предвидениот раст на ставката други трансфери, од 11,5 отсто, имајќи предвид дека освен трансферите до единиците на локалната самоуправа, оваа ставка вклучува субвенции и други трансфери чија целисходност, ефикасност и ефективност останува „црна кутија“.
- И покрај апелите на домашната и меѓународната експертска јавност за рационализација на овие трошења и нивно врзување со конкретни исходи/резултати, поголем исчекор се` уште не е направен и оваа ставка содржи доминантен елемент на непродуктивен и несуштински расход. Во услови на заострување на условите на финансиските пазари, и на домашиот и на меѓународниот, расходите за каматни плаќања се проектирани со раст од 26,4 проценти, и притисок којшто ќе се зголемува – се додава во нивниот коментар.
Укажуваат дека високи капитални инвестиции е очекуван потег и шема на дизајнирање на Буџетот, но според нив ќе се реализираат околу половина, односно 400 милиони евра. Finance Think проценува дека буџетскиот дефицит или ќе биде надминат, или во текот на 2023 ќе се изврши значајно кратење на капиталните расходи.
Можеби ќе ве интересира
КАЗНИ ДО 12 ИЛЈАДИ ЕВРА, РАЈНЕР ПРЕДУПРЕДУВА! Непристојното однесување во авион, скапо ќе го платите

ДУКОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВЕН НОСИ „ФЕЈК“ РОЛЕКС:„Ова нема врска со ништо, освен со лош вкус“

„ВО ВРЕМЕ КОГА ЕВРОПСКИТЕ ДРЖАВИ ВОВЕДУВААТ ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА, ТОЈ ПРОМОВИРА СОВРЕМЕНО РОПСТВО“: Најчевска за Славески

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ШТО НОСИ НАЈМНОГУ ПАРИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ВО ЕВРОПА: Блазе на оние што учеле медицина, имаат полни паричници

АКО ОВА СТЕ ГО КУПИЛЕ ОД СРПСКА ИКЕА... Производот се повлекува, итно отстранете го од вашиот дом

КАМАТНИТЕ СТАПКИ ОСТАНУВААТ НЕПРОМЕНЕТИ - монетарната политика го задржува внимателниот карактер

ОГРОМНИТЕ АМБИЦИИ НА СОПСТВЕНИКОТ НА ЛИДЛ: Сега сака да го освои морето и да ги совлада „облаците“

КОЛКУ ЧИНИ СМЕСТУВАЊЕТО ВО ЦРНА ГОРА, ХРВАТСКА, АЛБАНИЈА, ГРЦИЈА И ТУРЦИЈА? Хрватска некогаш беше прифатлива, Турција и сите други ја туркаат од позицијата

ПОМАЛКУ ПАРИ ОД СТРАНСТВО, РАСТ НА ЗАДОЛЖУВАЊЕТО, НО И РАСТ НА БУЏЕТОТ – еве ги Фискалните планови до 2030 година
