МНОГУМИНА СЕ НАДЕВАА, НО НБМ ДЕНЕСКА НЕ ЈА НАМАЛИ КАМАТАТА - мора да се стабилизира инфлацијата, има уште ризици
Објавено во: Финансии 24 Јули, 2024 10:40
И покрај очекувањата, Народна банка на Македонија, денеска реши да не ја намали основната каматна стапка, и одлучи да ја задржи на нивото од 6,3 отсто. Причина е што се уште има ризици од инфлацијата, и потребмо е таа посериозно да се стабилизира.
Вчера се одржала редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која биле разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.
„На седницата беше оценето дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата. Со тоа, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30 отсто, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20 и 4,25 отсто, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари. И натаму се очекува дека тековното ниво на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс. Воедно, последните промени во инструментот задолжителна резерва коишто се применуваат од јуни 2024 година, ќе придонесат за дополнителна поддршка на тековната поставеност на монетарната политика.
Во услови на стабилен девизен пазар, главниот акцент при носењето на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика беше ставен на потребата од стабилизирање на инфлацијата и на инфлациските очекувања на потрајна основа, имајќи ги предвид присутните ризици поврзани со домашните фактори и геополитичките тензии. Годишната стапка на инфлација во јуни позначително забави, пред сѐ во делот на прехранбената и базичната компонента и изнесува 3,2 отсто. Во однос на цените на примарните производи на берзите, најновите прогнози се ревидирани умерено надолу, но тие и натаму се доста променливи, а нестабилниот геополитички контекст и климатските фактори и натаму создаваат неизвесност и ризици за следниот период. Оттука, беше оценето дека е потребна натамошна претпазливост при водењето на монетарната политика. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во јули беше донесена одлука за задржување на истите основни каматни стапки (по намалувањето за 0,25 п.п. во јуни), со што и натаму се задржува затегнатоста и претпазливиот карактер на монетарната политика.
Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на јуни изнесува 4.337,5 милиони евра, што е соодветно за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на девизниот пазар и натаму се поволни и придонесуваат за интервенции со нето-откуп на девизи од страна на Народната банка од почетокот на годината, при солиден прилив на девизи и на менувачкиот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во април и мај 2024 година е во согласност со очекувањата од априлскиот циклус проекции. Остварувањата на менувачкиот пазар во вториот квартал се малку пониски од проектираните нето-приливи од приватните трансфери.
Економскиот раст во првиот квартал на 2024 година малку забрза,во согласност со проекциите на Народната банка, но поумерено од очекуваното. Реалниот раст на домашната економија изнесува 1,2 отсто на годишна основа, при натамошен раст и на квартална основа. Високофреквентните податоци за вториот квартал од 2024 година со кои се располага засега упатуваат на натамошно забрзување на растот под влијание на остварувањата во услужниот сектор, што е во согласност и со проекциите за вториот квартал. Така, градежништвото оствари значително повисок реален годишен раст, а мало засилување на реалната стапка на раст е забележана и кај угостителството и туризмот. Покрај тоа, и прометот во трговијата бележи значително послаб реален пад на годишна основа, меѓутоа падот кај индустриското производство се продлабочува. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со интензитетот на остварувањето на домашните инфраструктурни проекти.
Во монетарниот сектор, депозитниот потенцијал на банките во јуни 2024 година расте со солидна стапка, но под очекувањата, а растот на кредитната активност е малку над очекувањата. Притоа, денарското штедење и штедењето на долг рок бележат раст и во јуни, поддржан и од мерките на Народната банка.
Општо земено, најновите остварувања кај клучните макроекономски показатели засега се близу до очекувањата од последните проекции. Сепак е потребно внимателно следење на ризиците од надворешното окружување и на домашните фактори кај инфлацијата, односно понатамошна претпазливост во водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок“, се вели во соопштениетпо од НБМ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





