Бугарија и Србија спремни, Русија почна со изградба, во Македонија молк за „Јужен тек“!
Објавено во: Анализа, Македонија 20 Февруари, 2013 08:45
Бугарија веќе се спрема за изградба на гасоводот Јужен тек. Од компанијата која ќе гради гасоводот„ South Stream Transport“, објавија на својата веб-страница извештај за нивните идни чекори. Според документот, подводниот дел на трасата ќе биде граден во четири фази. Трасата во должина од 930 километри ќе тргнува од рускиот град Анапа и ќе поминува низ бугарската и турската економска зона во Црното Море.
Цевките излегуваат крај Варна и по три километри на копно, ќе се вклучат во бугарската преносна мрежа за гас, објаснуваат од компанијата. За да ги заштитат плажите и водите од загадување при евентуални несреќи, цевките ќе бидат закопани во песок на длабочина од 2,5 метри пред да излезат на површината. Во остатокот од подводна рута, цевките ќе бидат поставени директно на морското дно.
Според планот, рокот за забелешки за изготвениот проект истекува на 22-ри февруари, по што ќе биде договорено кога и официјално ќе почнат градежните работи.
Македонија тешко фаќа чекор со соседите
Плановите за влез на гасоводот „Јужен тек“ во Македонија сеуште лебдат во воздух. Потпишан договор нема. Кон крајот на минатата година Министерот за финансии, Зоран Ставрески истакна дека е во завршна фаза разгледувањето на спогодбата за приклучување на Македонија кон „Јужен тек“од руска страна и дека до крајот на јануари треба да добиеме конечен одговор.
„Разгледувањето е во завршна фаза од страна на руската влада и очекуваме до крајот на јануари да добиме повратен одговор дека спогодбата е прифатлива и да ја потпишеме. Тоа ќе овозможи да се спроведат останатите активности како што се формирање заедничко претпријатие, изградбата на кракот кон Македонија“, изјави на 12-ти декември министерот за финансии, Зоран Ставрески.
Mакедонска делегација присуствуваше и на почетокот на работите за изградба на гасоводот во Русија. Тогаш Сергеј Икоников, претставникот на „Газпромекспорт“ во Македонија посочи дека без рускиот гасовод, земјава ќе се соочи со недостиг од гас.
„Без тоа невозможна е реализацијата на зацртаната програма во областа на енергетиката и развојот на Македонија заради ниската пропусна моќ на единствениот постоечки гасовод што го има земјата“, изјави Икоников.
Ј.Ј.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





