Бугарија не се откажува, ќе ни донира вакцини
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Август, 2021
Соседна Бугарија не се откажува, ќе ни донира вакцини против коронавирусот.
Како што изјави денеска министерот за здравство Стојчо Кацаров ќе бидат одвоени 51.000 дози вакцини за Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бугарија досега донирала 172.000 дози вакцини за Кралството Бутан и 50.000 дози на Босна и Херцеговина, а се подготвува да продаде 100.000 дози на Кралството Норвешка и 546.000 дози на Португалија. Првата донација на ковид вакцини Македонија ја доби од Србија. Со неа почна имунизирањето на здравствените работници.