Добивај вести на Viber
Реалната бројка на невработени млади луѓе во Бугарија е за 3-4 пати поголема од официјалното објавувените. Околу 300 илјади млади немаат работа, додека Агенцијата за вработување соопштува дека невработени се околу 75 илјади, изјави шефот на Националниот центар за оценка на надлежностите Томчо Томов зборувајќи за борбата со младинската невработеност, пишуваат бугарските медиуми.
Околу 46 % од невработените млади се повеќе од една година без работа, а секој шести невработен над 20 -годишна возраст никогаш не е почнал со работа.
„Невработеноста ги оди од селата кон градовите и од необразованите кон образованите со уште побрзо темпо " , коментира Томов. Тој вели дека невработени од младите со високо образование се 23,4 %, додека уделот на невработени без квалификации е 62% .
Речиси половина од регистрираните невработени млади луѓе се со основно или пониско образование. Демографската слика кај нас продолжува да создава грижи за вклучувањето на младите на пазарот на труд, а само во 2012 година 12 150 луѓе ја напуштиле Бугарија од кои 70 отсто се млади .