Бугарија произведе 40 000 тони соја, културата има европска перспектива
Објавено во: Агробизнис 03 Јули, 2016 12:56
Вкупната количина произведена соја во Бугарија е 40 250 тони.
Според податоците на агростатистиката во 2015 година, засадени со соја биле 360.239 декари, а реколта има од 340.468 декари. Просечниот принос е 116.8 кг по декар.
Податоците покажуваат дека во 2016 година се намалил бројот на луѓе кои садат соја, а експертите сметаат дека тоа е поради неповолните климатски услови.
Сепак се наведува дека оваа култура има иднина, затоа што во светски рамки е потребна, но и Европа увезува голем дел.
Инаку, годишната реколта на соја во светот изнесува 150.000.000 тони. Најмногу ја извезуваат САД и Бразил, а првенствено се користи како сточна храна богата со белковини, како и во производството на маргарин.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





