Бугарија спроведе демарш до Унгарија поради наводите за снабдување на Хезболах со пејџери
Објавено во: Балкан 22 Септември, 2024 13:03
Унгарија и Бугарија си ја префрлаат топката за тоа чива компанија ги набавила пејџерите за Хезболах пред тие да експлодираат и да на направат хаос во Бејрут со голем број на жртви. Бугарија спроведе демарш до Унгарија поради наводите за снабдување со комуникациска опрема во Сирија и Либан
Како одговор на изјавите на унгарските власти за набавка на комуникациска опрема за Либан и Сирија, бугарското Министерство за надворешни работи денеска повтори дека такви уреди поврзани со експлозиите во овие земји не биле увезени, извезени или произведени во Бугарија.
Овој заклучок наводно го потврдиле инспекциските контроли на Државната агенција за национална безбедност заедно со НРА, Министерството за внатрешни работи и Царинската агенција.
„За време на средбата со унгарскиот амбасадор во Софија, Бугарија категорично не се согласи со споменувањето на нејзиното име во врска со овие пратки. Министерството за надворешни работи ја повика Унгарија да се однесува одговорно и да ги базира своите тврдења на факти“, соопшти бугарското МНР.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




