БУГАРИЈА УПАТИ БАРАЊЕ ДО ГРЦИЈА: На камионџиите да не им се прават брзи тестови
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 28 Февруари, 2021
Бугарија побара од Грција да ги прекине тестовите на возачите на камиони на нејзината граница.
„По упатство на министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, амбасадорот на земјата во Грција Валентин Порјазов побара итно објаснување од грчкото Министерство за надворешни работи, како и од Министерството за цивилна заштита и националната гранична полиција во врска со воведените брзи тестови за возачите на камиони на граничните пунктови со Бугарија“, објави прес-центарот на бугарското Министерство за надворешни работи.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот амбасадор во Атина побара грчките институции веднаш да престанат со оваа практика, бидејќи е во спротивност со регулативите на ЕУ. Грција ја прифати валидноста на бугарските аргументи и се обврза да го надмине проблемот. Поради заострување на мерките за влез во Грција со ПЦР-тестови за возачи на меѓународни камиони од 22 до 7 часот наутро, доаѓа до загуби и казни и значително се забавува распоредот на бугарскиот транспортен бизнис. Деновиве се воведени нови мерки за влез во Грција.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.