Добивај вести на Viber
Штом ќе дојде сезонaта на зимниците, од Благоевград, карван од автобуси тргнува кон Македонија. Најредовната дестинација е Делчево, кое е 37 километри оддалечено од Благоевград, пишува бугарскиот весник „Труд“.
Бугарите во Македонија најчесто купуваат пиперки и домати за лутеница и ајвар, зеленчук за туршија, шеќер и цигари поради пониската цена, кочански ориз заради квалитетот и сирење кое Бугарите ги „потсетувало на вкусот на детството“.