22 Ноември, 2024
0.0354

Бугарите не доаѓаат во Делчево, локалната економија е во криза

Објавено во: Економија 21 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Откако почна пандемијата на коронавирусот, која пак наметна рестрикции при патувањата, бугарските државјани скоро и да не го посетуваат градот Делчево.

Ова се одрази на локалната економија, а многу сопственици на дуќани велат дека имаат големо намалување на прометот. Пред да се појави коронавирусот кај нас, Бугарите беа редовни гости во кафулињата, рестораните во градот, купуваа намирници и облека.

„Доаѓаа групи пензионери, а воедно Бугарите го посетуваа градот за празници и викенди. Ние сме блиску до границата, така што од Благоевград скоро секој ден имаше посетители, но доаѓаа и од Сандански, Дупница, а поретко и од Софија и Пловдив. Бугарските државјани доаѓаа на шетање, купуваа гориво, прехранбени производи, облека, а некои од нив остануваа и на спиење во градот. И во Бугарија има доста евтина облека, но сепак купуваа по нешто од Македонија пред да си одат. Конкретно кај нас купуваа постелнини, иако кажуваа дека цените се приближно како во Бугарија. Мислам дека ќе помине доста време додека да се вратиме на нивото како пред пандемијата“, велат од бутикот „Афродита“ во Делчево.

Односите меѓу двете земји во последните месеци се заладени, но жителите на Делчево сметаат дека тоа не е пречка, туку дека пандемијата наметна ново темпо на живот, помалку патување, и сведување на социјализацијата на минимум. Велат дека политичките случувања малку влијаат на односите меѓу народите од двете земји. Како пример го посочуваат и фактот дека многу млади од Истокот, студираат во Бугарија.

„Воопшто ги нема гостите од Бугарија откако почна пандемијата. Гратчето е замрено, а додека ги имаше посетителите од Бугарија првенствено купуваа храна, додека облека послабо“, додаваат од друг бутик од градот.

Бугарските граѓани имаат повисок стандард, па си дозволувале повеќе да трошат на македонски терен. Од ресторанот „Две липи“ во Делчево, објаснуваат дека проблем се ПЦР тестовите, и тие ги премислуваат бугарските граѓани да ја посетат земјава.

„Ако треба да тргнат пет луѓе, и да направат тестови, едноставно не им се исплати да доаѓаат.  Кога пандемијата ќе заврши, работите ќе се вратат по старо. Кога тоа ќе се случи, не сме стручни и не знаеме. Претходно, доаѓаа и организирано, со автобуси, имаше екскурзии. Храната наша им се допаѓа, ние сме во подножјето на планината Голак, доаѓаа и поради природните убавини, има манастири, археолошки локалитети кои вреди да се видат. Некои од нив преноќуваа во Делчево, и утредента заминуваа за Бугарија. Сме имале туристи од Софија па се до малите погранични места“, наведуваат од „Две липи“.

Незадоволни се и сопствениците на хотелите.

„Фактот дека ги нема Бугарите не натера да ставиме клуч на врата по 21 часот, а веројатно и политичките случувања ќе имаат некое влијание на целата ситуација“, велат од хотел „Македонија“.

Поради пандемијата, во земјава имаше помалку Грци во Дојран и Гевгелија, помалку Албанци во посета на Дебар и околината, но и помалку Срби на шопинг во Куманово. Рестрикциите за патување и стравот од заразување си го направија своето. Во годините пред пандемијата, Македонија имаше најмногу туристи од Турција, но и од соседните земји како Србија и Бугарија.

Сања Атанасовска

фото Википедија

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите