26 Декември, 2024
0.0318

БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА НЕ САКАШЕ ДА СЕ ВИДИ СО ЛАВРОВ: Објасни зошто си замина од самитот во Скопје

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Министерскиот совет на ОБСЕ кој вчера заврши во Скопје е тема која и денеска ја коментираат во регионот. Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Марија Габриел објасни зошто во Скопје на самитот на ОБСЕ не сакала да се сретне со рускиот колега, Сергеј Лавров. 

Вели дека не можела да седам на иста маса со луѓе кои имаат антибугарски и антиевропски манифестации. Габриел само неколку часа престојуваше во Македонија и, како и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, си замина пред да пристигне  Лавров.

„Бев во Скопје да му оддадам почит на претседавањето во ОБСЕ. Дополнително, имаше вечера на европските лидери на која секој од нас требаше да изјави дека сме таму затоа што не сакаме да ја потпишеме смртта на ОБСЕ. После оваа вечера, мислам дека моето присуство не требаше да биде физичко таму, па затоа заминав. Не сакам да присуствувам со претставници на земји кои не’ прогласија за непријателски“, рече Габриел за БГНЕС. 

Бугарија претходно не дозволи прелет на авионот на Сергеј Лавров, над нивниот воздушен простор бидејќи во него се наоѓала и портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Лавров во Скопје допатува преку Грција, а Захарова потегот на Софија го нарече опасна глупост. Не само таа, туку и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков упати критики кон Бугарија. 

За проблемите на Балканот, Лавров прстот го впери кон западните земји. Тој дел од западните политичари ги нарече кукавици. 

foto BGNES

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници