26 Ноември, 2024
0.0265

БУГАРСКАТА ТАКТИКА Е НЕРАЗУМНА - екс амбасадорот Феуере вели дека има време да се решат отворените прашања

Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Тактиката што во моментов ја користи Владата на Бугарија кон Северна Македонија е прилично неразумна и контрапродуктивна и може да има сериозни последици, не само за односите меѓу двете земји, туку и за целиот регион, и за политиката на проширување на Европската унија, смета поранешниот амбасадор на ЕУ во Скопје Ерван Фуере. 

Пристапот на бугарската влада праќа лоша порака до земјите од Западен Балкан дека и тие можат да се соочат со целосна блокада на патот кон ЕУ, вели Фуере во интервју за Бугарското национално радио. 

„Бугарија го користи своето членство во Европската унија за да наметне сопствено толкување на историјата, како и да инсистира на тоа дека нејзината верзија мора да биде прифатена од други земји пред да започнат пристапните преговори. И тоа е контрапродуктивно бидејќи ја поткопува политиката на проширување на ЕУ и оди целосно спротивно на принципите врз кои се базира европската интеграција и со кои Бугарија се согласи кога стана членка на ЕУ во 2007 година“, објаснува Фуере. 

Тој вели дека прашањата што ги поставува Софија – територијален интегритет, национален идентитет, постоење или не на национално малцинство, толкување на историјата – се реални проблеми што постојат не само меѓу Бугарија и Северна Македонија, но ако се говори во поширок спектар на Европа, тоа е една од причините за создавање на процесот на европска интеграција – да се решат овие прашања, да се промовира помирувањето не со присила, туку со соработка. Како пример го посочува фактот дека и Ирска и Велика Британија имале прилично бурна повеќевековна историја, но кога  двете земји станаа членки на Европската заедница, како што се нарекуваше во 1973 година, стана можно да се постават и решат некои од критичните прашања, како што се националниот идентитет, историјата и правата на малцинствата. Според Фуере, Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Скопје и Софија е многу добар пример за две соседни земји да работат заедно и да најдат заедничка основа за меѓусебна доверба, но за тоа е потребно време.

„Мислам дека е неразумно Бугарија да верува дека сè во овој договор треба да се направи првиот ден по потпишувањето. Потребно е време, треба да се дискутира, образованите и мултидисциплинарните комисии треба да се состануваат, а блокирањето на процесот на проширување ќе спречи тоа“, вели Фуере. 

Доколку, пак, Бугарија не стави вето и дозволи за започнат официјално пристапните разговори со Северна Македонија, кои ќе траат неколку години, тоа, според него, ќе даде многу позитивен сигнал дека Софија гледа на овој процес како на процес на соработка. 

„Тоа, исто така, ќе создаде позитивна атмосфера за продолжување на билатералните разговори меѓу двете земји за отворените прашања. Важно е за целиот балкански регион, ЕУ и целата меѓународна заедница да ги разгледуваат овие прашања многу посеопфатно, бидејќи тие ќе продолжат се појавуваат, иако во поинаков контекст – на пример, кога ќе започнуваат преговорите со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија. Сите овие проблеми се многу сложени и товарот на историјата врз нив е сè уште многу, многу тежок. Затоа во фокусот на вниманието на ЕУ и меѓународната заедница, треба да биде како да се помогне во решавањето на овие билатерални проблеми преку соработка и интеграција на општествата“, рече Фуере.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик