05 Декември, 2025
0.0345

Бугарски земјоделци се закануваат со протести

Објавено во: Агробизнис 06 Февруари, 2013 11:33

Добивај вести на Viber

Бугарските производители на житарки најавија протест поради доцнењето со исплатата на субвенциите.

Асоцијацијацијата на земјоделци на синоќешниот состанок во Софија донесе одлука со трактори да блокира дел од главниот град на Бугарија од 18 до 22 февруари.

Земјоделците бараат брза исплата на европските субвенции во износ од околу 500.000 евра, што требало да ги примат до крајот на јануари.

Поради недостиг на пари во буџетот, бугарската Влада одлучи да ја одложи исплатата на субвенциите за неколку недели, односно до март и април.

Бугарските фармери еднаш веќе влегоа со трактори во Софија. Кон крајот на 2011 година земјоделците своето незадоволство го изразија поради намалувањето на буџетските средства за аграрот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?