27 Септември, 2024
0.0273

Бугарскиот амбасадор Радуков повикан во МНР по средбата без македонско знаме

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

МНР денеска ќе го повика бугарскиот амбасадор во Скопје, Желјаско Радуков, да даде објаснување за фотографирањето на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска Давкова.

На средбата завчера во Софија имаше само бугарски знамиња, а претседателката Сиљановска Давкова беше пречекана без македонското. Во македонската делегација беа и министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и за култура Зоран Љутков.

За денеска во 11 часот е закажан и брифинг за медиуми на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски за досегашните и идните активности, како и за актуелни прашања од доменот на работата на МНРиНТ.

Од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова во саботата најавија дека ќе побараат објаснување за фотографијата пред бугарското знаме направена во Кабинетот на претседателот на Бугарија иако, како што нагласуваат оттаму, ваков потег и чин не бил предвиден, ниту договорен.

Радуков како новоименуван амбасадор на Бугарија во Скопје на 10 септември и ги предаде акредитивните писма на претседателката Сиљановска Давкова, заменувајќи го досегашниот амбасадор  Ангел Ангелов.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања