05 Декември, 2025
0.0356

КОЈ ГЛАСАШЕ „ПРОТИВ“ И ЗОШТО ПРОПАДНА ОБИДОТ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ - еве од колку пари се откажаа акционерите што не сакаа Комерцијална да ја купи Стопанска банка Битола

Објавено во: Финансии 25 Септември, 2024 08:20

Добивај вести на Viber

Обидот една голема, успешна и по сите параметри моќна банка, да преземе една помала банка во земјава, не успеа. Неочекувано за многумина, а и разочарувачки за оние кои веруваа во позитивниот исход, пропадна обидот за купување на Стопанска банка Битола од страна на Комерцијална банка.

Имено, понудата беше доставена до сите сопственици на обични акции, а понудената цена за една акција изнесуваше 3.200 денари.

Но, таа цена очигледно не била доволно атрактивна за акционерите чии заеднички процент е околу 25 до 26 отсто од капиталот на Стопанска банка Битола, па од тие причини гласале „против“ продажба на акциите, што автоматски направи понудата да не успее, и за неа да гласаат сопствениците на нешто повеќе од 45 отсто или конкретно 45,0548 отсто од акциите, што е всушност помалку од прагот на успешност кој го постави преземачот Комерцијална банка и што направи всушност понудата да не се смета за успешна.

А, кој гласаше против понудата?

Според информации на Фактор, против прифаќање на понудата биле „Пелистерка“, која е најголем поединечен акционер и која располага со 16,99 отсто од капиталот, како и компаниите акционери кои се поврзани со оваа фирма, а тоа се компанијата „Тимох“, чии пакет изнесува 4,89 отсто од акциите, како и уште една компанија блиска до „Пелистерка“.

Или, нашите сознанија говорат дека сите тие заедно сочинувале околу 25 до 26 отсто од вкупниот број на акционери.

Ако погледнеме според бројот на акции и колку пари се нудеа за акција, може да видиме дека „Пелистерка“ всушност пропушти за својот акционерски пакет од околу 17 отсто да инкасира 3,46 милиони евра, додека, пак, „Тимох“ ќе добиеше околу еден милион евра, или конкретно 989 илјади евра.

А, нашите сознанија говорат дека самиот акционер ОРКА Холдинг, кој поседува 4,68 отсто од акциите, како и сите други акционери кои се блиски до оваа компанија, а кои исто така поседуваат сериозни пакети, односно до над 45 отсто заеднички со ОРКА, гласале позитивно за понудата. Но, за жал, тоа не беше доволно за да се постигне прагот на успешност од 67 отсто.

Што ќе се случува понатаму, можеби најдобро говори пораката што самата Комерцијална банка вчера ја испрати во својата објава преку Берзата, а во која им посака среќа и успех во понатамошното работење на сите акционери на Стопанска банка Битола.

Како што е познато, согласно законските прописи, Комерцијална банка сега нема право во рок од една година да достави нова понуда за преземање на Стопанска банка Битола.

„Но, ние и после една година нема да доставиме понуда, односно тоа нема да се случи никогаш. Таа приказна за нас е завршена. Затоа и на акционерите на Стопанска банка Битоа им посакуваме среќа во натамошното функционирање. Дали можеби за нивната банка ќе добијат понуда од некоја друга банка, можеби и странска, и неа ќе и ја продадат, дали, пак, банката ќе продолжи самостојно да работи, во секој случај им посакуваме среќа“, велат наши извори од Комерцијална банка.

Како што е познато, Комерцијална банка од поодамна депонираше на посебна сметка 20,34 милиони евра за купување на Стопанска банка Битола.

За што ќе се наменат овие средства?

"Не се грижете, имаме побарувачка за кредити од моќни институции, со многу поволни каматни стапки. Има многу добри намени за пласирање на тие средства", велат нашите 

Повеќе детали за понудата објавивме во интервјуто на првиот човек на Комерцијална банка, Хари Костов.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката