19 Декември, 2025
0.0400

Бугарскиот доктор Кирилов: Вирусот ќе биде присутен повеќе децении, мора да се најде начин за дезинфекција на воздухот во затворени простории

Објавено во: Балкан 08 Ноември, 2020 15:30

Добивај вести на Viber

Ако споредиме што се случува сега со она што луѓето го доживеале за време на шпанскиот грип - единственото нешто што е различно е технологијата. Ова го изјави во интервју за БГНЕС д-р.Бранимир Кирилов, стоматолог и доктор по медицина повеќе од 25 години.

-По појавата на Ковид-19 почнав многу да читам за епидемиите. Тоа што е значајно е дека  епидемиите се циклични, така што вториот бран кој се случува, можеби ќе има дури и трет, е сосема очекувано. Шпанскиот грип се прошири на ист начин во Европа. Обично вториот бран е посилен и инфицира повеќе луѓе и повеќе луѓе го губат животот од оваа болест. Поради низата фактори кои придонесуваат за ширење на вирусот, морав да најдам начин како да ја прилагодам мојата работа во новонастанатата ситуација.  И една од иновациите беше да се обезбеди дезинфекција на воздухот во затворените простории, бидејќи во мојата професија аеросолот е многу сериозен проблем.

Оралниот хирург констатира дека без оглед дали ќе има такви уреди во театар, тој мора повторно да остане само со 50 отсто исполнет капацитет, бидејќи растојанието игра важна улога во ширењето на коронавирусот.

-Мора да се почитува растојанието, бидејќи аеросолот се шири на 1,5-2 м. Дезинфекцијата ќе го намали ризикот од инфекција и ќе се шири во една просторија, но мора да се земе предвид физичкото растојание помеѓу луѓето, вели тој.

Според него, државите забавиле и не презеле мерки за спречување на инфекцијата.

На прашањето кој е ќе биде пикот на инфекцијата, д-р Кирилов вели дека тоа се должи на комбинација од повеќе фактори. Според него, сега има има зголемување на вирулентноста на вирусот, што значи дека полесно се пренесува и е позаразен, отколку што беше во текот на пролетта и летото.

Д-р. Кирилов е повеќе од убеден дека ќе живееме со овој вирус со децении, можеби со векови, бидејќи, како што вели, Ковид-19 нема да исчезне нема да исчезне. 


Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен