БУГАРСКИОТ ИСТОРИЧАР ТАШЕВ: Политиката на Пендаровски е како на Путин
Објавено во: Македонија 18 Април, 2022 11:04
Во Северна Македонија е во тек системска дебугаризација. Таму бугарските семејства се скршени и без Бугарија да застане зад овие луѓе, не можеме да очекуваме од нив да го водат овој процес на пријателство меѓу државите“, рече историчарот Спас Ташев гостувајќи утрово на БТВ. Според него, сите други земји ги поддржуваат своите малцинства во Македонија, а само Бугарија стои настрана и како што вели, остава настаните сами да се развиваат.
„Последната акција во Битола беше добро организирана. Се чини дека е однапред промислено, но кога имаме контролирана состојба е нормално да провоцираат на вакви настани“, додаде Ташев за плакатите кои беа изложени во Битола
Тој додаде дека политиката на Стево Пендаровски е блиска до онаа на Владимир Путин.
„Ова ги покажува овие топли врски меѓу Москва и Скопје“, рече Ташев.
Според него, без Скопје да се реформира во европски правец, како што вели, сличен скандал како оној во Битола сериозно би одекнал во Европската Унија.
Претседателот Стево Пендаровски излезе со став вчера за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола во кој ја потенцираше својата зачуденост од присуството на поранешните министри од минатата бугарска власт, алудирајќи на Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов.
„Не спорејќи ја добрата намера на премиерот Петков, вчера во Битола во составот на бугарската делегација беа и двајца претставници на поранешната власт во Софија кои беа најгласни противници на македонскиот пат кон Европа. Со самото нивно присуство и изјави беа минимизирани пораките за добрососедство и соработка кои беа испратени од бугарскиот премиер, наведува Пендаровски.
Шефот на државата рече дека отворањето културни центри насекаде во демократскиот свет е чекор кон зближување на народите и нивните култури, но именувањето на установи од областа на културата според докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна не и служи на таа благородна кауза.
„За жал, во Битола беше направен обид еден докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим да биде претставен како мост на зближување меѓу двете држави. Сигурен сум дека ниту македонскиот, ниту бугарскиот народ сметаат дека ликот и (не)делото на Ванчо Михајлов можат да придонесат во таа насока, вели Пендаровски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




