18 Декември, 2025
0.4267

БУГАРСКИТЕ ВЛАСТИ СО ДЕТАЛИ: Се плаќало и до 8000 евра за пасош?

Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2018 17:33

Добивај вести на Viber

Во Бугарија четири лица се обвинети за издавање потврди за потекло и пасоши.

За таа услуга земале од 5 до 8.000 евра. Овие пари се давани на луѓето од понискиот ешалон, службеници. 

Tрет ден oвој скандал ја тресе земјата. 

Заменикот главен обвинител, Иван Гешев, рече дека ова е најсериозен корупциски случај во повисоките нивоа на власта. 

Властите поднесоа обвиненија за учество во криминална група и корупција, по акцијата во Државната агенција за Бугарите во странство. 

Директорот Петар Харалампиев, кого обвинителството го гони како главен на групата, и генералниот секретар, Красимир Томов се двајца од обвинетите, додека останатите 16 уапсени се ослободени. 

Обвинителството го сомничи Харалампиев дека ја организирал групата за да издава неосновани потврди за бугарско потекло на странци, за добивање на бугарски пасош.  Според податоците од бугарските власти до сега се издадени 153.000 пасоши а 38.000 се во процедура. Најголем интерес имало во Македонија а потоа следат Србија, Молдавија, Албанија и Русија.

Откако се појави аферата, опозицијата обвини дека агенцијата за Бугарите во странство всушност е под контрола на Красимир Каракачанов и неговото ВМРО, а не како што е законски пропишано под вицепремиерот. Партијата „Вољја“ тврди дека тие уште пред една години предупредиле за криминални дејства во агенцијата.

Од партијата на Каракачанов велат дека случајот се користи за политички маркетинг.

Ние секогаш ја браневме каузата етничките Бугари од Македонија, Молдавија и Украина да добијат државјанство со поедноставена постапка. Ова го кажал Красимир Каракачанов министер за одбрана и лидер на бугарската партија ВМРО, во емисијата „Ова утро" емитувана утрово на БТВНовините по обвинувањата на новинарот и политичар Велизар Енчев.

Наскоро ќе има нови услови за добивање на бугарски пасоши. 

За една година 10.000 Македонци аплицирале. Неизвесно е дали тие ќе останат и без пари и без пасоши. 

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје