05 Мај, 2024
0.1226

Бујар Османи: Бугарија може да има каков сака став за македонскиот јазик, важно ЕУ тоа не го прифаќа

Објавено во: Македонија 02 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска пред медиумите го образложуваше новиот француски прелдог за отпочнување на преговорите со ЕУ. Тој пред медиумите рече дека Бугарија може да си го задржи својот став за македонскиот јазик, но дека тоа за ЕУ во преговарачаката рамка нема да биде прифатливо.

„Пропагандистите велат ова е слепа улица, ќе се бугаризираме, но тука сме да ги демонтираме таквите наративи. Слушнав варијанти дека имало фусноти, квалификации. 90 отсто од времето беше да се затвои припрашањето за јазикот. 

Во ЕУ досега никогаш не е потпишан европски документ во кој стои македонски јазик. Најважната позиција на Бугарија беше да нема macedonian lenguage во ЕУ. Нека го задржат како сакаат ставот, но не смее ЕУ да прифати став на Бугарија. 

Оваа рамка се усвојува истиот ден кога ние ќе кажеме „да“ за документот. Во таа рамка пишува чист македонски јазик без никакви додавки и од тој момент станува официјален јазик во преговорите со ЕУ“, рече Османи.

За шефот на македонската дипломатија, најголемата разлика помеѓу новиот и стариот француски предлог е тоа што македонскиот јазик останува заштитен во ЕУ и хронолошки биле отфрлани предлозите „јазик на Северна Македонија“, „јазик согласно Уставот“ и фуснота со ѕвездичка дека македонски јазик за Бугарија е неприфатливо, Според Османи, македонската дипломатија убедила 26 земји-членки дека тоа е неприфатливо.

„На крај дојде португалскиот предлог , рамката е важниот документ , сите други се неважни. Во тој „Устав“ се вели дека ЕУ ќе обезбеди превод на законодавство на македонски јазик во текот на преговорите. Тука во рамката се завршува прашањата за јазични и идентитетски прашања. Реков, кога ќе стигнеме до ова, ние ќе најдеме решение. Но гледам во јавноста, тоа е човечка природа - кога нешто ќе се постигне, тоа се заборава.

Да, има еднострана изјава на Бугарија, но не во рамката, туку во записникот. Тоа е мислење, кое не влегува во документот и заклучоците, и тоа еднаш и никогаш повеќе. Под целосна одговорност можам да кажам дека ова е чисто прашање“, додаде Османи.

Тој тврди дека обврските на Северна Македонија по билатералните прашања кон добрососедските односи не се вклучени во преговарачката рамка.

Во „Годишните мерки и прегледи за имплементација“ на Договорот за добрососедство немало ништо спорно, а со новиот предлог, вели Османи, преговорите ќе започнат пред уставните промени.


Можеби ќе ве интересира

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден