Бујар Османи се огласи со демант: Нема нов договор со Бугарија, Мешовитиот комитет од утре се состанува во Скопје
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2020
Министерот за надворешни работи Бујар Османи по посетата на Бугарија денеска објави демант на вчерашните тврдења на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека соседот бара нов Договор за добрососедство по примерот на грчкиот. Шефот на македонската дипломатија објави дека утре и задутре билатералните комисии составени од историчари во рамки на Мешовитиот комитет по подолго време ќе се состанат и тоа во Скопје.
„Околу односите со Бугарија, и мојата посета, сакам да истакнам: нема нов Договор, туку има засилување на меѓусебната комуникација на повеќе нивоа. Притоа отворено разговараме за сите прашања кои произлегуваат од Договорот за пријателство; ги преземаме сите чекори за да им обезбедиме на Комисиите непречена работа, за што испративме јавна благодарност за нивниот досегашен резултат, како и охрабрување за интензивирање на нивната работа. Впрочем, Мешовитата експертска комисија веќе утре и задутре ќе одржи средба во Скопје, што ќе претставува уште еден чекор кон исполнување на обврските од договорот.“, напиша Османи на Фејсбук.
Тој ја оценува неговата посета на Бугарија како позитивна, затоа што, како што вели, се отвориле сите прашања, се засилила меѓусебната комуникација и се реафирмирал заедничкиот заедничкиот интерес за европската перспектива на Република Северна Македонија.
„Тоа јавно го истакнав и јас во Софија, а го потврдија и Премиерот Бојко Борисов и Министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.
На крајот, дозволете да повикам на сериозност и политичка зрелост. Односите со соседите не се регулираат со пласирање секојдневно информации во јавноста, а уште помалку шпекулации или тенденциозни изјави кои имаат за цел да ја вжештат атмосферата. Европската перспектива е предизвик за целата земја, а не само на Владата, и претставува обврска за секој од нас“, додаде Османи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.