Буквар немаат, секое дете си прави свој, раскажува Македонка чие дете учи во Шведска
Објавено во: Македонија 24 Април, 2021 10:16
Учеше без дефинирани предмети, без книги, тетратки и без препишување од табла. Ранецот што го купивме на почеток на година (анатомски и помал од стандардните) го користевме за резервни алишта ама и тој генерално остануваше во школо. Буквар немаа, секое дете си правеше свој спојувајќи го секој лист со кој ги обработуваа буквите, напиша на фејсбук Македонка која живее во Шведска, а чие дете учи во тамошно училиште.
Програмата ја обработуваа со печатени листови кои треба да ги завршат и да си ги стават во својата папка (една за математика друга за јазик).
Домашната (една на две недели) ја добиваме исто на листови кои треба да ги заврши под надзор на родител и да ги врати во школо.
Притоа имаше разлика во задачите на листовите, во смисла на потребите и нивото на детето, некои беа „понапредни“ некои „поедноставни“ ама целите што треба да се научи беа исти. Тоа што немаа класични книги, не значи дека учеа онлајн, напротив, минута нема поминато Теа пред монитор годинава заради учење, вели мајката.
Објаснува и како нејзиното дете ги засакало книгите, односно како училиштето ги поттикнувало да читаат.
Во меѓувреме се зголемува незадоволството во земјава меѓу родителите откако беше најкевно дека ќе има дигитални учебници. На фејсбук се формираше група „Учебници инастава мора да има“ која за два дена има над 48.700 членови.
Се потпишува и петиција.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




