30 Март, 2025
0.0454

Бундестагот и Бундесратот овојпат се во фокусот на инвеститорите

Објавено во: Мои пари 26 Март, 2025 13:19

Добивај вести на Viber

Иако вообичаено фокусот е насочен кон состаноците на Федералните резерви на САД (ФЕД), минатата недела поголем интерес повлекоа случувањата во германскиот парламент, бидејќи не се работи само за иднината на Германија, туку и за иднината на Европа.

Извор: Блумберг

Управниот одбор на ФЕД заседаваше минатата недела, каде што одлучи да не ја промени основната каматна стапка. Одлуката беше според очекувањата на пазарот, а поради тоа пазарите на капитал ја прифатија објавата без големи флуктуации. Всушност, берзите беа повеќе погодени од намалената прогноза за економски раст на САД, која се очекува да падне на 1,7% (предвидувањата во декември 2024 година беа 2,1%) и зголемувањето на очекуваната базична инфлација на 2,8% (претходните очекувања за пораст од 2,5%). По долго време, претседателот на Федералните резерви, Пауел, зеде слобода да го користи зборот „минливо“ кога ја споменува инфлацијата, што очигледно ги увери инвеститорите и ги доведе берзанскте индекси до пораст. Во последната недела централниот берзански индекс S&P 500 оствари раст од 1,08%, деноминирано во евра. Слично беше и на пазарот на обврзници, каде 10-годишната американска државна обврзница доби на вредност 0,52%, но нејзиниот принос падна на 4,28%. Ова е особено важно за првата половина од годината, бидејќи на федералната влада и претстои огромен износ на рефинансирање на долгот, така што нивото на каматните стапки за ново задолжување е клучно. Претседателот на ФЕД уште еднаш посочи дека може да очекуваме уште две намалувања на каматните стапки од 25 базични поени оваа година, што исто така беше во согласност со очекувањата на пазарот.

Како што споменавме претходно, двата централни настани од изминатата недела се случија во германскиот парламент, каде се носеше одлука дали Германија може да позајми повеќе од 1% од својот буџет. Со оглед на зголемениот страв од натамошна руска агресија на стариот континент, исходот од гласањето беше многу важен и од геополитички и од економски аспект. Неизвесноста во однос на исходот од двете гласања дополнително го зголеми интересот. Позитивен краен резултат значи дополнителни 500 милијарди инвестиции, од кои најголем дел ќе одат во одбранбената индустрија, а помал дел за инфраструктура и зелена енергија. Цената на акцијата на германската воена технолошка компанија Рајнметал падна за 2,37% во последната недела, но сепак се зголеми за 112,33% само оваа година и е исто така со највисоки перформанси во поширокиот берзански индекс Stoxx 600 Европа оваа година. Индексот во последната недела доби на вредност 0,62%. Германскиот долг, кој некогаш се сметаше за златен стандард во однос на отплатата, изгуби дел од својот сјај, но сепак го задржа високото ниво на доверба од инвеститорите. Приносот на 10-годишната државна обврзница порасна на 2,76%, додека во средината на декември 2024 година беше 2,03%.

По 2 недели раст, вредноста на двата главни кинески берзански индекси се намали. Падот на оптимизмот делумно се должи на зголемената неизвесност во врска со дополнителните царини од САД, а делумно поврзана со сè уште слабиот кинески сектор на недвижности. Активноста во секторот на недвижности во Кина падна за 9,8% во првите два месеци, а се шпекулира дека дното се уште не е достигнато. Стапката на невработеност во кинеските градови исто така се зголеми, на 5,4%. Од друга страна, објавени се доста оптимистички макроекономски податоци кои потврдуваат дека Кина без поголеми проблеми треба да го постигне целниот раст на БДП од 5%. Продажбата на мало во првите два месеци од годинава изнесува 4%, а уште подобар е растот на индустриското производство за 5,9%. Кинескиот берзански индекс MSCI изгуби 1,16% од вредноста во последната недела. За разлика од остатокот од развиениот свет, Јапонија се соочува со попостојана инфлација, па очекувањата на инвеститорите се движат кон зголемување на каматните стапки. На состанокот на централната банка минатата недела, поумерениот тон на раководството очигледно ги израдува инвеститорите, гледаќи преку централниот берзански индекс TOPIX, кој порасна за 3,27%.

Можеби ќе ве интересира

Македонскиот пазар за тргување

Македонскиот пазар за тргување

ИНТЕРВЈУ ДАМЧЕВСКИ: Повеќе од банка - Сакаме претприемачи и бизниси кои растат со нас

ИНТЕРВЈУ ДАМЧЕВСКИ: Повеќе од банка - Сакаме претприемачи и бизниси кои растат со нас

УКИМ и универзитетските единици донираат 3.800.000 денари за настраданите граѓани во пожарот во Кочани

УКИМ и универзитетските единици донираат 3.800.000 денари за настраданите граѓани во пожарот во Кочани

АКЦИЈА ЗА МИЛИОН ДЕНАРИ НА „SPORT LIFE“

АКЦИЈА ЗА МИЛИОН ДЕНАРИ НА „SPORT LIFE“

Herbalife лансира нова печена протеинска ужина

Herbalife лансира нова печена протеинска ужина

Новата Samsung Galaxy A серија пристигнува во Северна Македонија

Новата Samsung Galaxy A серија пристигнува во Северна Македонија

A1 Business со нова атрактивна понуда

A1 Business со нова атрактивна понуда

Галерија МУЗА во Љубљана е новиот простор за уметничката колекција на НЛБ д.д, која вклучува и македонски автори

Галерија МУЗА во Љубљана е новиот простор за уметничката колекција на НЛБ д.д, која вклучува и македонски автори

55-ти годишен глобален бизнис форум на WTCA како стимул за раст на бизнисот во секторите на недвижности и туризам

55-ти годишен глобален бизнис форум на WTCA како стимул за раст на бизнисот во секторите на недвижности и туризам