Бурна ноќ во Маврово: По серијата земјотреси, утрово еден посилен
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2021
Утрово во 7.44 часот во Маврово е регистриран земјотрес со јачина од 3,6 степени според Европската макросеизмичка скала.
Овој е последен и најсилен од серијата земјотреси кои беа почувствуванаи во тој регион во текот на целата измината ноќ.
Имено според податоците првиот слаб земјотрес е во 21.03 часот, потоа во 1.36 часот е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,2 степени, а следните два се во 2.29 и 2.49 часот со магнитуди од 2,8 и 2,7 степени според Европската макросеизмичка скала.