19 Мај, 2024
0.0253

Бусек: ЕУ мора што побрзо да ги прими преостанатите земји од Балканот

Објавено во: Балкан 27 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

 Поранешниот координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа, Ерхард Бусек изјави дека Европска унија мора што побрзо да ги прими преостанатите земји од Балканот, за да бидат решени проблемите на регионот.

Според него тоа би ја поттикнало регионалната соработка.

Бусек на Меѓународната конференција во Белград „Европски центар за мир и развој“ посветен на новите концепти на безбедност во светот, наведе и дека поделбата на Западна Европа и Вишеградската група, проблемите со Русија, на Балканот и во Медитеранот, Европа може да ги реши со зајакнување на соработката без оглед на политичките и другите разлики меѓу земјите.

– На ЕУ и е потребен одлучен став во решавање на проблемите на Балканот, а тоа значи што побрз прием на преостанатите земји. Тоа би можело да го смени карактерот на Унијата, но тоа е неопходно. Бидејќи тоа е Европа. Брисел би морал да биде повеќе партнер, а не некој што издава наредби – направете го ова, исполнете го ова… И заканувајќи се, истакна Бусек.

Тој осврнувајќи се на Косово истакна дека „за некои Срби е проблем промената на границата“, но оти Европа постојано ги менува границите, како и дека во нејзината историја има многу такви примери.

Значи, за нас промената на границата е остварлива и во случајот на Косово, наведе Бусек.


foto: International Policy Digest


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс