ЦАРИНА СЛАВИ: 26 години самостојна и независна царинска управа
Објавено во: Македонија 11 Април, 2018 08:16
Царинската управа на Република Македонија денеска слави.
Упрвата ќе го одбележи Денот на царината – 16 април, со кој означува 26 години самостојна и независна царинска управа во РМ.
Свечена церемонија ќе се одржи во Музејот на современа уметност на која ќе бидат презентирани постигнатите резултати на Царинската управа во 2017 година, како и целите кон кои царината ќе биде насочена во идниот период.
На свеченоста внимание ќе се посвети и на развојот на дигитализацијата на царинската служба, односно „Царината некогаш и денес“.
Дел од царинскиот празник ќе биде и темата „Херои на секојдневието“, по која неколку царински службеници ќе презентираат со какви ситуации и случки се соочуваат во секојдневното работење.
На свечената церемонија на соработниците на Царинската управа ќе им бидат врачени плакети и признанија за успешна соработка.
На свеченоста е најавено присуство на претставници на државата, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, претставници на науката и бизнис заедницата, колегиумот на Царинската управа и други.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




