Царовска ќе го тужи Боки 13: Не ја познавам Тодоровска
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2020
Најостро ги демантирам сите дрски лаги и конструкции изнесени во јавност од страна на Бојан Јовановски за поврзаност со проект на ГП Пелистер и за било каква соработка со Меѓународниот сојуз и најавувам дека против него ќе поднесам тужба за клевета, објави попладнево Мила Царовска. Тој како обвинет во случајот со неговата невладина организација Меѓународен сојуз на денешното рочиште изјави дека царовска, вицепремиер за економски прашања и поранешна министерка за труд и социјална политика, ја донела кај него Лилјана Тодоровска, жена која подоцна се испостави дека добила на сметка 750.000 евра и имала задача да ги извлече и да ги предаде парите.
Царовска вели дека не ја познава Тодоровска.
„Со госпоѓата што ја споменува Јовановски во неговата изјава ниту некогаш сум соработувала, ниту лично ја познавам. Изјавата на Јовановски е целосна невистина и е директен напад на мојот углед и достоинство за што ќе ги преземам сите правни мерки, пишува Царовска.
А Јовановски изјави денеска дека неговиот договор со ГП Пелистер не паднал од небо туку бил преку посредници.
„Вистиниските посредници ќе се дознаат преку кривичните пријави. Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска која е автор на проектот кај мене. Имав и прием и поддршка од Зоран Заев и од Оливер Спасовски, рече Јовановски.
За Тодоровска беше објавувано дека е член на основачкото собрание на „Меѓународен сојуз“ а била и претседател на едно од Здруженијата на пензионери во земјава.
Боки 13 додаде дека со Фросина Ременски, исто така обвинета во случајот, се запознал како симпатизер и граѓански активист на СДСМ и дел од Шарената револуција.
Тој рече дека првата средба со бизнисменот Силјан Мицевски ја организирал пратеникот Александар Кирацовски и оти на 4 јануари бил потпишан меморандум со Општина Битола.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.