Царовска: Ќе воведеме Програма за извлекување од сиромаштија
Објавено во: Македонија 14 Март, 2017 15:05
Граѓаните имаат право на економска безбедност. Но имаат право и да добиваат услуги што ќе им го олеснат секојдневното живеење, изјави денеска на прес-конференција, Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.
Вели дека тоа го овозможува Програмата на новата реформска Влада на граѓаните.
„Ќе воведеме Програма за извлекување од сиромаштија, или секое четиричлено семејство коешто нема други приходи и живее во сиромаштија ќе добие 12.000 денари. Токму со оваа мерка ќе обезбедиме граѓаните да си ги дозволат основните потреби. Но, ќе обезбедиме и други социјални услуги коишто ќе одговорат и на другите социјални проблеми на граѓаните. Првото ниво е семеен социјален работник кој што ќе работи на превенција и интервенција во семејството и локалната заедница. Бројот на опфатени семејства и поединци од страна на секој социјален работник ќе бидат утврдени со норматив и стандард што ќе обезбеди конечно за прв пат да гарантираме квалитет на социјалната работа во Македонија, како за граѓаните, така и за стручните работници коишто ја нудат социјалната заштита“ - вели Царовска.
Социјалните услуги ќе бидат блиски до граѓаните. Заедно со граѓанскиот сектор, бизнис секторот и општините ќе обезбедиме центри за поддршка и грижа за стари лица, центризанега, грижа, вклученост, учество и внимание на лица со попреченост, превенција и заштита од родово базирано насилство и низа други социјални услуги на локално ниво коишто им се јавуваат како потреба на граѓаните коишто се во социјален ризик, додаде Царовска.
Бараат Иванов веднаш да му го додели мандатот за состав на новата Влада на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за да може граѓаните конечно да ја почувствуваат промената и да добијат социјална заштита каква што заслужуваат.
Можеби ќе ве интересира
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица




