20 Декември, 2025
0.0418

ЦАРОВСКА: Не се менува старосната граница за пензија

Објавено во: Македонија 13 Април, 2018 14:46

Добивај вести на Viber

Покачување на старосната граница за пензионирање нема да има, кажа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Таа рече дека во моментов прават проценки и анализи во соработка со Светска банка за подобрување на состојбата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

„Пензиите во моментов се стабилни и безбедни, но ние не се интересираме само за сегашните пензионери, туку и за идните. Владата на ВМРО-ДПМНЕ три пати ја зголеми дупката во Фондот и работиме на решавање на овој проблем. Детали сега не можам да откривам, бидејќи сѐ уште се работат анализите и проценките, но многу скоро ќе завршиме и ќе ја информираме јавноста што ќе преземеме“, рече Царовска.

Таа кажа дека подготвуваат целосно нов закон за социјална заштита, во кој основните промени ќе бидат да се обезбеди висока социјална парична помош и основа за развој на социјални услуги, бидејќи сега не постои систем за услуги. Јавната расправа по ова законско решение ќе биде во мај, а сите социјални работници од јуни до октомври ќе одат на обуки за да се стекнат со знаења за менаџирање на случај.

„Во делот на заштита на децата и ранливите групи во тек е изградба на здравствено-социјален центар за аутизам со финансиска помош од американската амбасада, се градат два дневни центри во Куманово за деца со попреченост, при крај е изградбата на центарот за Даунов синдром во Скопје, а до крајот на годината треба да заврши и зградбата на центарот за церебрална парализа во Прилеп. Во тек е трансформацијата на институциите и извлекувањето на децата од институциите, и генералната заложба е да нема дете до 3- годишна возраст сместено во институција, бидејќи тоа негативно влијае на раниот детски развој“, кажа Царовска.

Извор:СДК

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки