20 Мај, 2024
0.0318

Царовска одговори на прашањата кои до неа ги упатија информатичарите

Објавено во: Македонија 28 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Министерката за образование, Мила Царовска одговори на прашањата кои до неа го упатија информатичарите. 

Тие се однесуваат за техничките капацитети на децата и училиштата за дигиталазација на учебниците. Царовска вели дека со тоа сака да ги разреши дилемите за реформата. 

Во продoлжение се одговорите: 

Дали на клупите има приклучок за струја за секое дете? Се сомневам дека и само ова сме способни да го реализираме до септември.

На клупите нема потреба да има приклучок за струја, наставата воопшто не е замислена да се одвива на компјутери или таблети. Се дигитализираат учебниците, не целосно наставата. Во училница најважна е интеракцијата помеѓу наставникот и учениците, а наставата ќе се одвива на тој начин како и досега. ИТ технологијата ќе биде само дополнително помагало во ситуации кога наставните теми го наложуваат тоа. Дигиталните учебници се помагала за учениците кои ќе ги користат за потсетување и пребарување на материјалот, а самите наставни програми ќе се учат и совладуваат на училиште каде учениците ќе поминуваат подолго, но поквалитетно време.

На 2-3 одделенија ќе треба барем по еден информатичар, техничко лице за поддршка. Наставниот кадар е далеку од способен да врши ваква поддршка.

Училиштата кои ќе обезбедат уреди согласно планот за обезбедување на ИТ уреди за одредени категории на деца и семејства кои не може да си дозволат пристап до опрема, ќе бидат должни исто така да обезбедат ИТ поддршка за истите. Најголем дел од ученците и децата веќе имаат уреди. За нас е важно да се обезбеди ИТ поддршка за оние семејства кои ќе добијат уреди од училиштата и тоа е веќе во планот.

Знаете дека компјутерскта опрема застарува за 3-4 години, нели? Ќе трошат по 20-30,000 денари секои 2 години за нови лаптопи.

Дигитализацијата подразбира и одржување на ИТ опрема и обезбедување нова кога е потребно, и тоа е планот за сите оние семејства кои не можат тоа да си го дозволат. Реформата подразбира целосна поддршка во овој процес на семејствата и учениците.

Покрај хардверот, знаете ли колку чинат лиценците за офис алатки, антивирусен софтвер и сѐ друго што треба?

За дигитализација и пристап до дигитални учебници не се потребни дополнителни софтверски лиценци, тие ќе бидат бесплатни за сите.

Знаете ли колкав % од учениците кои сега следат online настава пристапуваат од мобилен телефон со МАЛ ЕКРАН КОЈ НЕ Е УПОТРЕБЛИВ ЗА УЧЕЊЕ? Сигурно над 50%. Проверете!

Пристапот до дигиталните учебници и форматите на истите ќе бидат прилагодени за сите уреди, вклучително и мобилни телефони. Сепак, уредите кои ќе се обезбедуваат од страна на МОН ќе бидат со доволно голем екран за непречено и лесно користење на материјалот.

Дали знаете дека со ковид кризата и омасовувањето на online работењето од дома лаптопите се дефицитарни, цените се покачени, испораките доцнат? Јас знам бидејќи набавувам за стотици луѓе кои имаат потреба да работат од дома.

Ова е тема за која е разговарано на повеќе владини седници, а консултирани се и големи светски компании од областа на производство и дистрибуција на ИТ технологија, согласно чии ставови, предизвикот не е ненадминлив. Дополнително, олеснителна околност е етапното воведување на промените, така што од септември потреба од електронски уреди за користење на електронски учебници ќе имаат само учениците од 4то одделение, односно 20.000 ученици од кои најголем дел веќе располагаат со уреди. Ова значи дека нема да имаме голема побарувачка на компјутери како што тоа беше случај минатата година. Дополнително, ќе повторам дека за социјлано ранливите граѓани овој трошок ќе го преземе МОН.

Дали знаете дека компјутер без пристап до Интернет не вреди? Посебно за едукативни цели?

За користење на електронски учебници не е потребен интернет. Учебникот се симнува на уредот само еднаш и останува додека корисникот не го отстрани. Мултимедијалните содржини кои ќе бидат составен дел од дигиталните учебници ќе бидат достапни и кога уредот не е поврзан на интернет. Интернет ќе биде потребен кога темата од одреден предмет наложува истражување, разгледување на друга мултимедијална содржина и слично, и уверена сум дека сите ќе добијат можност да го користат интернетот за такви прилики, или на часот или во домот.

Министерката за образование Мила Царовска денеска на собраниската говорница, одговарајќи на новинарски прашања, потврди дека законот за дигитализирање на учебниците ќе се носи по скратена постапка, односно со ЕУ-знаменце, по консултацијата со Секретаријатот за европски прашања. 

Можеби ќе ве интересира

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат