ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат
Објавено во: Македонија 20 Мај, 2024 14:23
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, при вршење семејно насилство, ја загрозил сигурноста на неговиот татко, со сериозна закана дека ќе нападне по неговиот живот. На 18 мај, осомничениот влегол во кујната и побарал 3.000 денари од неговата мајка, кажувајќи и дека мора да ги најде парите. На тоа реагирал таткото кој му забележал дека е срамота постојано да бара пари од нив, по што осомничениот зел кујнски нож и му се заканил на таткото дека ќе го убие ако се меша. Со тоа кај оштетениот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
„Имајќи предвид дека ваквото однесување на осомничениот се повторувало и претходно, меѓутоа родителите не пријавувале во полиција, јавниот обвинител одлучи до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес да поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена“, се вели во соопштението од Обвинителството.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




