20 Декември, 2025
0.0425

Царовска: Ромите ќе бидат граѓани од втор ред сe додека не успеeме да ги вклучиме во општеството

Објавено во: Македонија 14 Април, 2018 06:15

Добивај вести на Viber

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во интервју за Фактор магазин изјави дека Ромите ќе бидат граѓани од втор ред сѐ додека не успеат да ги вклучат во општеството, да им понудиме еднакви услови за образование, вработување, домување, здравствена заштита. 

Таа вели дека во нашето општество помеѓу групите коишто имаат и немаат, има луѓе кои не можат да пристапат до основните нивоа. 

„Тоа е дека не можете да си обезбедите да одите во училиште затоа што немате место каде да живеете, да се избањате, и да изгледате соодветно како за на училиште затоа што наставничката во исто време ве исклучува. Центарот за социјални работи не сака да соработува со вас затоа што тој чувствува дека има само потреба од исплата на социјална парична помош, нешто е згрешено во нашето општество. Јас како социјален работник тоа го тврдам, не било така и целиот систем наш државен памти, дека Македонија била социјална држава и давала можност на секој подеднакво да се вклучи и тогаш имало маргинализирани, исклучени групи, во многу помал процент, но денеска навистина со таа разлика меѓу богатите и сиромашните се создадоа поголеми групи на граѓани коишто се незадоволни од одговорот на системот“- вели Царовска. 

Царовска не смета дека Ромите се заборавени и дека на партиите на нив им текнува само за избори, а за последните 6 месеци од 2017 година вели дека не беа изборни. 

„Јас работам интензивно од првиот ден од кога сум седната во МТСП за унапредување на правата и услугите на Ромите во Република Македонија. Немаше ниту еден претходен министер кој системски понуди решение за лицата без документи. За какви права, каква инклузија ќе зборуваме кога немаме основен стартен документ за влез во системот? За 3000 лица веќе тече рокот во управата за матична евиденција“ - вели Царовска. 

Таа додаде дека лицата под Кале се згрижени. Таа наведе дека се зголемил и бројот на деца Роми во градинка, а има и промени во делот на здравствената заштита. 

„На убави места во Министерството имаме Роми и тоа се мои блиски соработници. Едната е раководител на сектор за техничка поддршка моја, навистина ја ценам и тоа е госпоѓа којашто е административец долги години и придонесува за имплементација на декадата и стратегијата. Имаме државен советник која е Ромка исто така, работи на недискриминација, еднакви можности итн. Имаме уште доста Роми коишто се вработени. Имаме луѓе коишто не само затоа што се Роми, туку и се квалитетни и се посветени на работата“- рече Царовска. 

За децата на улица вели дека бројката е променлива. Царовска додава дека ќе се трудат Ромите да ги вратат на пазарот на труд и да им помогнат да се вработат. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки