13 Декември, 2025
0.0513

ЦЕЛА ЕВРОЗОНА Е ВО РИЗИК: Франција ја тресе Европа

Објавено во: Свет 07 Октомври, 2025 08:18

Добивај вести на Viber

Франција повторно се соочува со политичка криза откако новата влада на Себастијан Лекорну падна помалку од 24 часа по преземањето на функцијата, испраќајќи нервоза на пазарите и отворајќи ја можноста за нови избори што би можеле да ја зајакнат крајната десница, пишува Политико, а пренесува МИА.

Овие настани доаѓаат во време кога Европа веќе се соочува со низа предизвици, војната во Украина, притисоците на американскиот претседател Доналд Трамп врз меѓународната трговија и растот на популистичките сили, па затоа постои страв дека целата економија на еврозоната наскоро би можела да биде загрозена, пишува Политико.

Загриженоста расте во Брисел и другите европски престолнини, каде што официјалните лица предупредуваат дека авторитетот на претседателот Емануел Макрон на меѓународната сцена, особено во однос на Украина и Газа, би можел сериозно да ослабне.

Некои проценуваат дека нестабилноста во втората по големина економија во еврозоната би можела да го загрози целиот блок.

„Франција е премногу голема за да пропадне. Оваа политичка нестабилност ја загрозува целата еврозона“, изјави дипломат од ЕУ под услов да остане анонимен, според Политико.

Како што се нагласува во статијата, Франција е втора најголема економија во Европската Унија, водечки играч во Г7, единствената нуклеарна сила на ЕУ и постојана членка на Советот за безбедност на ООН.

Подеднакво важно е што под водство на Макрон, оваа политичка сила, која е и еден од клучните актери во обликувањето на европските политики, можеше да се спореди само со Германија.

Сепак, Макрон долго време се соочува со притисок од крајната десница, предводена од Националниот собир на Марин Ле Пен, која води во анкетите, а истовремено се обидува да го реши проблемот со големиот буџетски дефицит.

Набљудувачите дури и не ја исклучуваат можноста за оставка на Макрон, иако неговиот претседателски мандат трае до 2027 година.

По вчерашниот пад на владата француските акции и државни обврзници паднаа, додека еврото ослабе во однос на доларот.

„Еврозоната веќе има доволно проблеми. Не ѝ треба повеќе од ова“, рече владин претставник од земја членка на Еврозоната.

Француските претставници се обидоа да ја намалат кризата, велејќи дека и покрај сложеноста на ситуацијата, „пилотот сè уште седи во пилотската кабина“.

Во Брисел, некои дипломати веќе зборуваат за крајот на политичката кариера на Макрон, бидејќи, иако тој ја освои власта во 2017 година како симбол на промени, сега се смета за ослабена фигура чие влијание во ЕУ брзо бледнее.

„Не е добро за ЕУ ​​што една од нејзините најголеми членки е во криза, особено во сегашната безбедносна ситуација“, рече еден функционер од Еврозоната.

Француско-германскиот тандем, традиционално клучен за функционирањето на ЕУ, е тешко да се замисли во овие околности, и покрај германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој во Брисел се смета за подинамичен од неговиот претходник, верува Политико.

„Франција ќе биде отсутна токму кога Русија врши притисок врз европските граници, Кина го зголемува индустрискиот притисок, а Америка на Трамп се однесува непредвидливо. Во овие услови, Франција не може да го обезбеди она што е способна да го даде“, изјави француски функционер од кабинетот на министерот во оставка.

Лидерката на Националноит собир Марин Ле Пен веќе го искористи падот на владата за да го повтори барањето за нови избори, а лидерот на холандската десница Герт Вилдерс изјави дека времето на старите европски лидери е завршено.


Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск