ЦЕЛОСНА ОНЛАЈН НАСТАВА НА СИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ: Економскиот факултет одржа пробна настава уште денеска
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Март, 2020 14:12
Универзитетите се подготвени од понеделник да ја започнат наставата онлајн, информираа министерот за образование Арбр Адеми и двајцата ректори, Никола Јанкуловски на УКИМ, како и Томе Неновски, претставник на приватните универзитети.
Министерот Адеми напомена дека ваквата форма на едукација е најприменлива за студентите бидејќи тие многу лесно се снаоѓаат со новата современа информатичка технологија, и најважно што нема да се наруши воспитно образовниот процес. Ректорот, Никола Јанкуловски истакна дека веќе во функција се неколку платформи за далечинско учење, нагласувајќи дека ќе нема никакви проблеми да се следи наставата барем за студентите кои се на додипломски студии. Ректорот Томе Неновски, пак, нагласи дека на приватните универзитети непречено ќе се одвива колоквиумската недела, секако онлај.
-Во изминатиов период не седевме со скрстени раце, ги презедовме сите мерки за да непречено ја организираме колоквиумската недела. Најверојатно ова е почеток на нова ера во високото образование во нашата земја.
Инаку, наставата е веќе почната на неколку факултети. Првите пробни предавања на економскиот факултет почнаа уште во текот на вчерашниот ден.
-На економскиот факултет наставата се одвива преку алатката Google Hangout, одлично функционира. Пробно предавање имавме и вчера, но и денеска, а официјално започнуваме од утре, односно од 20. Оваа алатка овозможува непречен тек на наставата бидејќи студентите може да слушаат предавања од страна на професор како и да следи презентација која тој ја прикажува. Предавањата се одвиваат според регуларниот распоред. Ова дава можности за дискусии, за изнесување ставови, мислења и практично е целосен интерактивен начин на настава, вели студентката Марта Чадиковска, член на Комисијата за настава на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.
А.Б.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип





