05 Декември, 2025
0.0914

Целосно реконструиран Одделот за здрави деца во поликлиниката Букурешт

Објавено во: Мои пари 28 Мај, 2013 15:19

Добивај вести на Viber

Реконструкцијата која опфати целосно внатрешно уредување, промена на подот и на прозорците и набавка на нов мебел е плод на партнерството меѓу ЕВН Македонија, Здравствен дом Скопје и Националната фондација за трансплантација. Денеска во поликлиниката Букурешт во Скопје беше пуштен во употреба целосно реконструираниот Оддел за здрави деца. Преку деталното градежно преуредување, Одделот доби сосема нов лик, приспособен на очекувањата на децата и нивните родители, а истовремено зголемена е и функционалноста на просторот за превентивна имунизација на децата. Санацијата и реконструкцијата на Одделот е извршена преку партнерство помеѓу три институции. Средствата во износ од околу 400 000 денари се обезбедени од ЕВН Македонија и од Здравствениот дом Скопје, а стручната техничка поддршка, решенијата за адаптација и подигнување на медицинските и функционални стандарди се на Националната фондација за трансплантација. Реконструкцијата опфати целосно внатрешно уредување на Одделот, промена на подот и санитарнот јазол, а вградени се и нови прозори. Одделот е опремен и со нов мебел. -Преку овој проект, на децата им создадовме простор со пријатни и приспособени услови за соодветен третман при вакцинацијата. Особена благодарност до нашите партнери ЕВН и НФТ, кои со својата несебична и искрена поддршка, нѐ доближуваат до остварување на нашата главна цел – здрави деца за здрава иднина. Се надеваме дека овој заеднички проект ќе послужи како пример и поттик за нови партнерства меѓу јавниот, приватниот и невладиниот сектор, рече директорката на Здравствен дом Скопје, Д-р специјалист, Татјана Баевска Вучковиќ. Целокупниот градежен материјал, искористен при реконструкцијата, е во согласност со стандардите за енергетска ефикасност, со што директно се влијае и на поекономично редовно работење на поликлиниката Букурешт. -Нашата компанија во континуитет поддржува проекти од интерес на заедницата, но нема поголемо задоволство од тоа да помогнете онаму каде што се децата. Овој Оддел сега е многу попријатно место за нега на најмладите и ние сме горди што можевме да учествуваме во неговата реконструкција. Искрено се надеваме дека и во иднина ќе учествуваме во вакви успешни и корисни проекти, изјави Ленче Карпузовска, менаџер за комуникации во ЕВН Македонија. И покрај тоа што редовната имунизација на населението е законска обврска на секој граѓанин, се уште одреден процент од децата не се редовно или воопшто вакцинирани. -Навремената имунизација на децата е клучна во превенирањето на тешки заболувања кои можат да доведат до трајно нарушување на фунциите на виталните органи. Затоа Националната фондација за трансплантација со сета своја енергија и стручност се вклучи во овој важен проект, изјави при отворањето на реконструираниот оддел д-р Владимир Чадиковски, претседател на НФТ.   Зравствен дом Скопје и во иднина ќе продолжи со активности за подобрување на примарната и секундарната здравствена заштита.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј