30 Септември, 2024
0.0322

ЦЕЛТА Е ЗДРАВИ, А НЕ ПЛОМБИРАНИ ЗАБИ: Стравот од стоматолог се надминува на 2-3 годишна возраст-д-р. Сашка Благоевска Симјаноска

Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Целта на секој стоматолог е здрави, а не пломбирани заби кај дечињата, вели во денешното интервју за Женски магазин, стоматологот, д-р Сашка Благоевска Симјановска од Поликлиника д-р Благоевски. Посочува дека стравот од стоматолог децата може успешно да го надминат уште во најраната возраст, а првата вистинска посета на стоматолог пожелно е да се случи кога ќе никнат сите млечни заби.

Тогаш ќе бидете обучени како да ја одржувате хигиената кај детето, а тоа стекнува позитивна навика и пријателски однос со неговиот стоматолог. Тој однос е неоптоварен со траумите кои ги доживуваат оние деца кои за прв пат се сретнуваат со својот доктор кога се во голема болка и не знаат што ги очекува во ординацијата. 

На темата прва посета на стоматолог, и како да се разбие стравот од првата средба денеска разговараме со Д-р. Сашка Благоевска Симјаноска од Поликлиника Др. Благоевски, специјалист по ортодонција и ТМД дисфункција.

Една од загриженостите на сите родители е и токму првата посета на детето на стоматолог и неговата реакција. Но, потребна е голема едукација и голем труд на сите нас да го промениме општо прифатеното мислење дека одењето на стоматолог е болна и стресна работа. Најголемата улога ја имаат родителите кај нивните деца, но и нивните другарчиња од градинка, школо, парк ... како и изреката дека добриот глас брзо се шири, а лошиот уште побрзо. Нечие непријатно искуство со стоматолог најбрзо ќе го запамтат децата и ќе си го поврзат со нешто непријатно и непосакувано место. За тоа би требало детенцето да го посети својот доктор можеби уште на 2-3 години кога сите млечни забчиња се уште здрави, да се запознаат, низ една интересна приказна да ги запознае детето нашите инструменти за работа, зависно од психолошкиот тип на детето, може да се исполираат забчињата уште при првата посета и секако ќе се едуцираат родителите за правилната орална хигиена и како да ги сочуваме забите здрави и убави. Значи целта не ни е да имаме пломбирани забчиња туку здрави, вели д-р Благоевска Симјановска за Женски магазин.  

Можеби ќе ве интересира

ТАТКОТО НА ГЕРАСИМОВСКИ, ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА СТАТИСТИКА ГО ПРОСЛАВИ 75-ТИОТ РОДЕНДЕН: „Среќен да си татко“, му порача градоначалникот на Центар

ТАТКОТО НА ГЕРАСИМОВСКИ, ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА СТАТИСТИКА ГО ПРОСЛАВИ 75-ТИОТ РОДЕНДЕН: „Среќен да си татко“, му порача градоначалникот на Центар

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација