20 Декември, 2025
0.0959

Цементарница УСЈЕ започна проект за практична обука на средношколците

Објавено во: Мои пари 18 Март, 2014 11:10

Добивај вести на Viber

Цементарница УСЈЕ започна со реализацијата на проект за практична обука на учениците од скопските технички средни училишта од машинска и електро струка. Оваа иницијатива на Цементарница УСЈЕ е поддржана и од Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука. Во рамките на проектот се опфатени 65 ученици од IV-та година од средните училишта „Михајло Пупин“, „Владо Тасевски“, и „8-ми септември“ кои во наредните два месеци, во групи од по 15 учесници, два дена во седмицата ќе посетуваат практична настава во индустрија. За реализацијата на обуката ќе биде одговорен тим од стручни лица од компанијата, како и професорите од училиштата, а таа ќе се одвива во машинската и електро работилницата и погоните на Цементарница УСЈЕ. Главната цел на практичната обука на средношколците е стекнување нови стручни знаења и вештини преку поврзување на теоријата со практичната работа во непосредната работна средина во индустриски капацитети. „Развојот на секое просперитетно општествено се темели на стручни млади луѓе кои располагаат со специјализирано знаење, вештини и висок степен на работна етика. Но, обврската за создавање на ваков кадар не може да биде оставена само на образовниот систем и училиштата. Компаниите треба да го преземат својот дел од товарот. Преку реализацијата на овој проект за практична обука ние, во Цементарница УСЈЕ, покажуваме дека сме посветени кон остварување на мисијата за создавање поширока база на технички кадар кој е неопходен, но за жал станува се подефицитарен во Република Македонија“, изјави Борис Хрисафов, главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје. На првиот ден од реализацијата на програмата, сите ученици мораа детално да се запознаат и да ги применуваат мерките за безбедност и здравје при работа, на кои во  Цементарница УСЈЕ им се дава посебно значење. Обуката и стекнувањето на специјализирани работни знаења и вештини кај младите е една од практиките кои на различни начини се спроведуваат во Цементарница УСЈЕ подолг временски период. Таа е составен дел од стратегијата за корпоративна општествена одговорност на компанијата, која е во согласност со Глобалната Иницијатива на Обединетите Нации за општествена одговорност – Global Compact во која членува УСЈЕ.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии