Цена или квалитет: На што да се внимава при изборот на ПВЦ прозорци?
Објавено во: Мои пари 15 Јуни, 2013 12:17
Сите ПВЦ рамки се произведуваат од иста пластична маса – поливинил хлорид, но различни произведувачи, додаваат различни адитиви за да се подобри квалитетот на пластичната маса (отпорноста УВ зрачење, механичка отпорност, еластичност….). Една од битните карактеристики на ПВЦ прозорци е бројот на комори, кој што имаат влијание на изолациски карактеристики на прозорецот. На самиот почеток се поставуваа прозорци кој што имаа 2 до три комори.
Денес се помалку се поставуваат прозорци кој што имаат три комори. Моменталниот стандард се прозорци со пет и повеќе комори. На сликаталево можете да го видите пресекот на еден ваков прозорец. Она што можете да забележите е дека во средната комора (3) е поставено челично зајакнување.
Број на комори
Покрај бројот на комори, битна е и дебелината на надворешната страна на прозорецот. Овие дебелини се поделени во три класи:
-А класа (видливиот ѕид мин. 2,8 mm, невидливиот ѕид 2,5 mm)
-Б класа (видливиот ѕид мин. 2,5 mm, невидливиот ѕид 2,0 mm)
-Ц класа (видливиот ѕид мин. 1,5 mm или помалку)
Разликата помеѓу А и Б класа не е видлива, како ценовно така и по квалитет, но сепак се препорачува А класа, додека Ц класа треба да се избегнува.
[caption id="attachment_53383" align="aligncenter" width="429"]
Видливи и невидливи ѕидови на коморите[/caption]
И стаклото е многу важно. Поради подобрите топлински карактеристики, се препорачуваат двоструки и за троструки „изо“ стакла. Просторот помеѓу стаклата може да биде исполнет со посебни гасови (аргон и слични) и тоа е позитивна работа, но од друга страна позитивниот ефект на овие гасови може да биде минимален или краткотраен, доколку се работи за неквалитетни производи.
Звучната изолација на прозорците може да се подобри доколку се постави ламинирано стакло, кое што се состои од повеќе слоеви на рамно стакло, помеѓу кој што се поставува PVB (поливинил бутирал) фолија или проѕирна смола. Предноста на ваков вид на стакло, покрај подобрената звучна изолација, е да доколку се случи кршење на истото, парчињата на стаклото остануваат прилепени на фолијата.
Ова е само пола работа – другата половина е избор на квалитетен изведувач, поточно компанија која што ќе ги постави ПВЦ прозорците и секако цената!
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





