20 Декември, 2025
0.0650

Цената на акцијата на Фершпед оди надолу!

Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2013 08:18

Добивај вести на Viber

По неколкудневниот раст на цената на акциите на Фершпед, вчера се случи максимална корекција надолу на цената за цели 10 проценти. Падот на цената на акцијата се случува откако Кираца Трајковска, еден од поголемите акционери изјави деја дека своите 10,63% акции ги дала како влог во фирмата „Консалтинг инвестментс син ДООЕЛ“ Скопје. „Не си одам од Фершепд. Јас сум еден од основачите на Консалтинг инвестментс син ДООЕЛ. Акциите кои што ги поседував ги дадов како влог во оваа компанија поради претходно даден заем“, изјави Трајковска. Таа вели дека ќе присуствува на претстојното вонредно акционерско собрание како член на Надзорен одбор. Сепак неизвесноста во компанијата и, се чини вештачки предизвиканаиот ценовен раст доведе до намалување на цената вчера за 10 проценти, иако се продаде само една акција. Индикативно е дека ниту Македонската берза, ниту Комисијата за хартии од вредност не реагираа на последните случувања, иако е јасно дека врз база на недоволно проверени информации цената порасна на фантастични 201 000 денари по акција, што е 5 пати повеќе од цената на акцијата во последнава година.

Од Комисијата за хартии од вредност вчера за Фактор изјавија во тек е контрола и се додека не заврши, нема да објавуваат детали.

Во меѓувреме очите ќе бидат вперени во акционерското собрание закажано за по божикните празници.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии