Добивај вести на Viber
Најавата за намалување на откупната цена на пченицата, по се изгледа нема да значи и намалување на цената на лебот и на белите пецива. Извори за
Фактор од мелничко-пекарската индустрија велат дека доколку во регионот падне цената на пченицата за 20 отсто и ако тоа се случи и во во земјава, тогаш нема да има потреба од корекции, бидејќи токму со таа цена на пченицата се добива сегашната цена на лебот. Тие тврдат дека досега цената на пченицата не соодвествувала со цената на лебот, односно сега произведуваат леб од скапа пченица. Упатените во бизнисот велат дека поевтинувањето на лебот и белите пецива може да случи ако цената драстично се намали, но сепак појаснуваат дека за тоа големо влијание имаат и другите фактори како трошоците за струја, нафта и друго.
Плодна жетва, ама не и полн џеб?
За околу десеттина се очекува почне годинешната жетва пченица. Мелничарите и земјоделците веќе ги направија калкулациите, а експртите проценките за приносите. Едно е сигурно, оваа година за разлика од лани, ќе има бериќетна жетва. Ако минатата година просечните приноси се движеа околу 2,5 тона, сега се очекуваат приносите од 3 до 4 тона од хектар. Но дали ваквите приноси ќе значат и поголема заработка за земјоделците? Мелничарите не откриваат колку ќе биде годинешната откупна цена на пченицата, велат дека тоа ќе зависи од цената во регионот. Ако се има во предвид дека на новосадската берза веќе има најави за намалување на откупната цена за околу 20 отсто, поради добрите приноси, тогаш тоа најверојатно ќе се случи и на македонскиот пазар. ------ --Земјоделците порачуваат дека, цената не треба да биде пониска од ланската.
-Точно е дека жетвата ќе биде подобра и ќе имаме приноси дури и од 4 тона од хектар, можно е да има намалување на откупната цена, но треба да се има во предвид дека трошците оваа година се зголемени. Според нашата математика годинешната цена не треба да пониска од лани. Минатат година се движеше од 14 до 16 денари за килограм. Комбајните веќе ни се подготвени и за околу десеттина дена очекуваме да почнеме со жетвата, вели земјоделец од скопско.
И мелничарите ги поставија условите. Тие барањата како што дознава Фактор, веќе ги испратиле и до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од мелничко –пекарската индустрија бараат слободен увоз на пченица во текот на целата година. Така тие ќе можат навреме да увезат евтина пченица, и да произведат евтино брашно , кое ќе може да конкурира на увозните брашна.
-Но доколку Владата се одлучи за воведување на врзан увоз, тогаш тоа треба да биде под следните услови. За брашното одлуката да стапи на сила веднаш и тоа во сооднос пет спрема еден, а за пченицата одлуката да се примени од 1-ви јули со почеток на жетвата. А доесега мерката за врзан увоз се воведува на почетокот на јуни кога цените на Новосадската берза паѓаат, а на тој начин мелничарите не можат да увезат евтина пченица. Условени се да ја откупат домашната пченица по многу повисока цена. Од друга страна пазарот е наполнет со евтино брашно, така што на крајот имаме разлика како резулатат на откупената скпа домашна пченица. Во 2012 година просечната цена на увозното брашно беше 293 евра, наспроти цената на домашното брашно кое беше 415 евра за тон, вели Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија.
Едно од барањата на мелничарите е и зголемување на цената што Владата ја плаќа на дел од компаниите за чување на државните резерви од пченица. Тие бараат зголемување на надоместокот за 100 отсто, бидејќи како што велат трошоците за чување на пченицата во нивните силоси, двојно им се зголемиле.
Инаку македонската мелничарска индустрија веќе подолг период се наоѓа во криза поради нелојалната кокуренција на домашаниот пазар, односно напливот на евтино српско брашно.
Според мелничарите единствениот спас за мелничарската индустрија е зголемувањето на домашното производство на пченица. На тој начин не само што нема да се трошат пари за увоз на пченица, туку ќе се намали и ризикот од увоз на сомнителни пратки на пченица и брашно, и крајно ќе имаме евтини финални производи.
Според податоците од СКМ лани во земјава се увезени 44.000 тони брашно по цена од 293 евра за тон, а во 2011 година во земјава влегле 30.000 тони брашно од увоз по цена од 331 евра за тон.
Проценките се дека оваа година од засеаните 90.000 хектари со пченица, ќе се оженат од 260.000 до 280.000 тони, за разлика од лани кога производството изнесуваше 218.000 тони пченица. Околу 40 отсто од производството или 100.000 тони откупуваат мелничарите. Годишните потреби на Македонија се од 250.000 до 300.000 тони. Ако се има во предвид податокот, дека ланските залихиво висина од 30.000 тони се префрлени во оваа година, тоогаш на Македонија повторно ќе и недостигаат околу 150.000 тони пченица кои ќе мора како и секоја година да ги увезе.
Ј.С
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.