05 Декември, 2025
0.1750

Цената на струјата надмина 430 евра! Кој ќе ги спаси нашите фирми од нов струен удар?

Објавено во: Економија 07 Март, 2022 07:20

Добивај вести на Viber

Еден мегаватчас струја, на унгарската берза ХУПЕКС, за испорака денеска чини 436 евра!!! Тоа е 2,4 пати поскапо во споредба со денот кога почна украинската војна. Ова е црвен аларм за нашата економија. Затоа што се бројни нашите компании кои ја плаќаат струјата по цена на мегават од ХУПЕКС + коефициент (кој содржи трговска маржа, трошок за преносен капацитет+ други ситни давачки). Ако потрае воениот конфликт во Украина нашата економија ќе се соочи со таков струен ценовен шок што тешко може да го поднесат и многу посилни од нас....

За 13 дена од почетокот на украинската војна цената на струјата на ХУПЕКС (референтна за сите наши компании кои купуваат на отворен пазар) се зголеми повеќе од двојно. Денеска еден мегаватчас (базна цена) чини 436 евра. Пик-цената (највисока цена за час) денеска достигна 463 евра. За испорака денеска на ХУПЕКС по овие цени се истргувани над 70.000 мегаватчасови струја што е еднакво на тоа што го троши Македонија за три-четири дена.

Мегаватот струја што на оваа берза во четвртокот на 24 февруари годинава (кога руската армија воено влезе во Украина) се продаваше за 178 евра на тргувањето за достава на 6 март (недела, вчера) чини неверојатни 340,8 евра. Верувале или не во саботата чинеше дури 350,3 евра и тоа е цена за струја што е рекордна и е безмалку двојно повисока од цената на денот кога започа воениот конфликт. И тоа се цени за викенд денови во кои индустријата не работи заради што и побарувачката е ниска. При тоа вредно за истакнување е тоа што во оваа анализа е земена во обзир базната дневна цена постигната во тргувањето на таа берза, а не врвната (пик) цена за денот која секогаш е повисока од базната цена.

Доколку продолжи овој тренд, а за сега не е на повидок мирен исход меѓу Русија и Украина, пазарната цена на струјата за нашите компании во најоптимистичко сценарио нема да се намали, а извесно е дека ќе продолжи да расте. Доколку се интензивира пазарната рефлексија на воените случувања во претстојната пролет не очекува многу тежок економски удар за сите домашни компании (според неофицијални информации). А ги има над 4.000 фирми кои зависат од берзанските цени на струјата. Идниот месец ќе треба да ги платат нивните сметки за струја (за последна третина од февруари и досега првите десет дена од март) кои е извесно дека ќе бидат повисоки до 50 отсто .

Како ова ќе влијае врз нивната работа и конкурентноста, врз ликвидноста и совлентноста во оваа прилика нема да анализираме затоа што ефектите се несогледливи. За жал ако продолжи оваа состојба дел од фирмите кои се снабдуваат по берзански цени ќе бидат ставени во искушение да прекинат работа макар и привремено за да ги ублажат огромните загуби кои ќе им ги предизвика цената на струјата. Особено ако потрае оваа состојба на берзите до крај на март дополнително лошо ќе влијае и врз ликвидноста на операторите на системите за пренос и дистрибуција на струја МЕПСО и ЕВН.

И уште еднаш да повториме. Кризата со струјата не е увозна. Клучен проблем е неспособноста на ЕСМ (домашниот државен производител) да стави во функција за производство околу 40 отсто од својот инсталиран термокапацитет. А со хидрокапацитетот е ограничен заради ниските нивоа на акумулирана вода што е резултат на несериозниот пристап во планирањето особено во изминативе три -четири години (за што воедно и пишувавме кога продаваа хидроенергија за цени пониски и од 50 евра за мегаватчас).

Приказ на базни цени за 1 мегаватчас постигнати на ХУПЕКС од 24.2. до 6.3.

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември