ЦЕНАТА СКОКА ОД ЧАС В ЧАС: Нафтата поскапа за 20 отсто, планетата се тресе
Објавено во: Свет 16 Септември, 2019
Цената на нафтата од утрово пораснала за скоро 20 отсто. Растот на вредноста на суровата нафта брент расте како за време на Заливската војна од 1991 година.
Производството во Саудиска Арабија е преполовено, а целата планета се тресе, колку нападите на саудиските нафтени бунари, односно рафинерии, влијаат на нивната економија.
Два дена откако е изведен нападот на нафтените постројувања на Сауди Арамко, светските економски и политички моќници дискутираат за тоа какви последици тоа ќе има на здрманиот нафтен пазар, односно како ќе се развива ситуацијата после тврдењата на САД дека Иран стои зад нападите, а не Хутите кои ја презедоа одговорноста.
САД објавија сателитски снимки, како и тврдења на разузнавачите дека Иран е виновник за нападите на саудиските нафтени построенија, пренесе БиБиСи.
Иран пак отфрла било каква вмешаност во саботните напади, за кои одговорност презедоа јеменските бунтовници Хути, кои инаку Иран ги поддржува, но неименуван американски претставник во разговор со американски и странски новинари наведува дека правецот и обемот на напад ја доведуваат во сомнение вмешаноста на Хутите.
Во меѓувреме, на пазарот скокна цената на нафта прво за 19 отсто но потоа скокот на цената се стабилизирал на 10 отсто, бидејќи нападот на најголемата фабрика за преработка на нафта Арамко во Саудиска Арабија го намали производството за повеќе од 5,7 милиони сирова нафта.
Тоа е најголем скок на тој енергент од 1991 година.
По почетниот скок, цената на сирова нафта се стабилизираше, а трговците анализираат можни долгорочни импликации.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.