20 Декември, 2025
0.0507

Цените на акциите Фершпед се вивнаа нагоре – уште колку ќе растат?!

Објавено во: Мои пари 23 Декември, 2013 20:51

Добивај вести на Viber

Превирањата во Фершпер доведоа до драматичен раст на цените на акциите. Една акција на оваа компанија стигна до цена  од 2.974 евра, иако пред помалку од еден месец се продаваше под 1000 евра.  Како што покажуваат податоците од „Македонска берза“, само минатата недела беа истргувани акции за околу 1 милион евра. На 19 декември, на пример, во блок трансакција продадени беа акции од околу половина милион евра. Познавачите на состојбите шпекулираат дека цената на акциите на Фершпед се движи и двојно повеќе од моменталната , зависност од тоа колкав број акции се нудат во паке. Растот на цените доаѓа во екот на битката за превласт во компанијата меѓу Кираца Трајковска и Штерјо Наков. Од Македонската берза за Фактор веќе посочија дека внимателно ги следат случувањата. „Во врска со тековните случувања околу тргувањето со акциите на Фершпед АД Скопје примарна задача на Берзата е да обезбеди фер и уреден секундарен пазар на хартии од вредност. На инвеститорите моментално им се јавно достапни соодветни информации објавени како од самото друштво, така и од определени поголеми акционери во друштвото, врз основа на коишто можат да се донесуваат адекватни одлуки за купување, продавање или воздржување од тргување. Истовремено, тргувањето на Берзата се одвива според прецизно утврдени Правила за тргување, одобрени од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, со кои се запознаени сите учесници на пазарот на хартии од вредност, посочија викендов за Фактор од Македонската Берза. Вонредно акционерско собрание е закажано за 10-јануари следната година. Тогаш ќе биде познато дали ќе има промени во структурата на менаџментот на компанија. Според податоците Штерјо Наков со неговите синови поседува 25 % од акциите во Фершпед, Кираца Трајковска поседува 10,6 %, Драгослав Димевски има 5%, а странските инвеститори кои ги застапува адвокатот Венцислав Гушев имаат околу 2,8% од акциите на Фершпед. Останатиот дел е во рацете на помалите акционери.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии