09 Мај, 2024
0.0362

Цените на горивата до небо, на земјоделството „црно“ му се пишува

Објавено во: Агробизнис 17 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Земјоделците се во очај оради високите цени на горивата кои оваа година кулминираат, и кај нив мала е надежта дека нешто ќе се смени.

Велат дека и претходната и оваа власт направи многу малку за земјоделците, така што тие едвај преживуваат, а многумина размислуваат и за откажување од оваа дејност.

„Овие цени на горивата се катастрофа. За 5-6 или максимум 10 години ќе нема земјоделство во Македонија. Младите не одат на нива, ќе си бараат месечна плата, каде било  и колку и да изнесува таа. Од политичарите не очекувам ништо. Западот ти дава пари, но ти зема сè, кој сака да го разбере ова ќе сфати за што зборувам. Во Германија  на година или две ќе се зголеми малку цената на горивата, веднаш има бунт, а овде ништо. Нема да биде добро не само за земјоделците, за никого нема да биде добро“ – велат од здружението Македонска градина од Струмица.

Трајче Јованов од задругата Агро Горни Подлог, Кочанско го дели истото мислење. Вели дека земјоделците со овие цени на горивата не можат да се покриваат, и нема ни да работат затоа што профит нема.

„Скапи препарати, скапо гориво, и нема со што да се покриваат земјоделците. Над 60 денари кога е нафтата, тоа е неисплатливо за земјоделецот. Ние со зор се мачиме, ама во дупка сме со години. Не верувам дека нешто ќе се смени, немаат стратегија политичарите за земјоделството, нема никакво фајде, и земјоделци ќе снема. Работам 20 хектари земја, но уште оваа година и ќе се откажам од идната година. Другите размислуваат како мене или уште полошо затоа што веќе ги откажаа површините. Можеби 50 проценти се откажаа од земјоделството. Ниви има многу кои не се обработуваат, регионот станува орман“ – вели Јованов.

Од ВМРО-ДПМНЕ неодамна побараа власта да ја анулира акцизата, на што од СДСМ одговорија дека тие глумат загриженост и дека тоа не довело до зголемување на цените.

Регуларната комисија за енергетика на 14 месецов одлучи  да ги зголеми цените на нафтени деривати за еден до два денари. 

Цената на Еуросупер БС – 98 се зголемува за два денара за литар и ќе се изнесува 73,50 денари. 

Скокна и цената на Еуродизелот за еден денар и ќе биде 63 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,5 денар и ќе чини 71,50, односно 52 денара.

Сања Атанасовска